Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СКОРО ДВА МЕТРА СНЕГ ВО СЛОВЕНИЈА НА НЕКОИ МЕСТА: Земјата е затрупана по снежното невреме
Регион

СКОРО ДВА МЕТРА СНЕГ ВО СЛОВЕНИЈА НА НЕКОИ МЕСТА: Земјата е затрупана по снежното невреме

03/12/2023

AA

Снежно невреме во
текот на ноќта и во теков на денов предизвика проблеми низ Словенија, а
најмногу снег има во Кредарица кај Триглав, каде падна метар и половина снег,
па сега дебелината на снежната покривка на тоа место е 180 сантиметри.

Како што јави
словенечката новинска агенција СТА, поради снег на некои патишта има делумен
прекин на сообраќајот, а поради силно невреме затворена е и делницата од
автопатот од Приморска до Љубљана, меѓу Кастелец и Козина.

Големо количество
снег падна во регионите на Нотрањска и Кочевско, како и во делови од централна
Словенија, додека снежна покривка нема само во некои делови на Горење, објави
порталот 24ur.com.

Според податоците
на Управата за цивилна заштита и помош, најмногу интервенции се забележани во
Словењ Градец, а потоа во Целје, Љубљана, Марибор и Птуј. Упатени се вкупно 17
противпожарни единици за расчистување на паднатите дрвја од коловозите.

Едно дрво падна
на општината Словењска Бистрица, додека дрвја паднаа и врз далноводи, па некои
домаќинства останаа без струја, на потегот меѓу Межица и Марибор на
североистокот на Словенија. Во главниот град Љубљана висината на снежната
покривка е четири сантиметри.

фото: ФБ/Neurje.si

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026
Македонија

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026
Македонија

8 активни пожари на отворено, три се под контрола

28/08/2026
Македонија

Завршува летниот режим: ЈСП од 1 септември со зимски возен

28/08/2026
Македонија

Семејна драма во Македонска Каменица: Снаата ја нападнала свекрвата, па

28/08/2026
Македонија

Венецуелка пријавила физички напад во апартман во Центар, ѝ биле

28/08/2026
Македонија

Муцунски се прости од кралот Харалд V: „Длабоко сум погоден

28/08/2026
Македонија

Трагедија во Охридско: Работник паднал од бандера и починал

28/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45313
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026

Непочитувањето на сообраќајните правила повторно резултираше со голем број полициски интервенции низ земјава. Во текот на изминатото деноноќие, 16 возачи

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026

Жешкиот воздушен бран од Африка денеска носи и зголемено количество сахарска прашина и песок над Македонија, поради што атмосферата на

8 активни пожари на отворено, три се под контрола

28/08/2026

Осум пожари на отворен простор и натаму се активни низ земјава, додека три се ставени под контрола, информира Центарот за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy