Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Скопско и сè е можно“! Како скопска Пивара направи профит поголем од милијарда денари?
Економија

„Скопско и сè е можно“! Како скопска Пивара направи профит поголем од милијарда денари?

23/08/2024

AA

Пивара Скопје имаше извонредна деловна година во својата 99 година од постоењето, покажуваат податоците од финансиските извештаи достапни на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Во своето работење во 2023 година Пивара Скопје оствари вкупни приходи од продажба од 127,9 милиони евра. Тоа е за 28 милиони евра подобар резултат од претходната 2022 година.

Доктрината на оваа голема македонска компанија која е дел од концернот на „Кока Кола“ и во минатата година го практицираше златното правило за вложување во продажбата и маркетингот. И докажа дека тоа се враќа со добро. За маркетинг и продажба лани Пивара Скопје потрошила 14,3 милиони евра што е за 2,7 милиони евра повеќе од издвоеното за таа намена во 2022 година.

Но ефектот е видлив. Нивната продажба лани во споредба со 2022 година пораснала за 27 милиони евра.

Задоволни ќе бидат и акционерите на компанијата. Нето добивката изнесува 17,56 милиони евра. Резултатот и тука е одличен со оглед на тоа дека профитот пораснал за 1,7 милиони евра во однос на претходната 2022 година.

При тоа само по овој основ Пивара Скопје на државата платила данок во вредност од 2,4 милиони евра.

Вредно за истакнување во овој краток преглед на главните парамтри од работата на Пивара Скопје е и тоа што во последните две години таа на своите акционери им исплатила дивиденда во вкупна вредност која надминува 34,5 милиони евра. Од добивката за 2022 година лани и годинава се исплатени вкупно 15,73 милиони евра, а во 2022 година, за претходната година, се исплатени 15,75 милиони евра.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

1621 сообраќаен прекршок за три дена, 43 лица приведени

27/08/2026
Македонија

Се мие и дезинфицира просторот околу контејнерите низ Скопје

27/08/2026
Македонија

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак

26/08/2026
Македонија

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен,

26/08/2026
Македонија

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026
Македонија

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да

26/08/2026
Македонија

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во

26/08/2026
Македонија

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45278
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

1621 сообраќаен прекршок за три дена, 43 лица приведени

27/08/2026

Во текот на изминатите три дена (24/25/26.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите

Се мие и дезинфицира просторот околу контејнерите низ Скопје

27/08/2026

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје продолжува со секојдневно одржување на хигиената околу садовите за одлагање комунален отпад, при што екипите рачно ги

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак работат во сивата економија

26/08/2026

Над 90 илјади работоспособни граѓани во Северна Македонија се водат како невработени. Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy