Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 140 ПРИЈАВИ ЗА НЕЗАКОНСКА СЕЧА, ЗАПЛЕНЕТИ НАД 500 КУБИЦИ ДРВА Шумската полиција одзема 30 возила и девет трактори
Македонија

140 ПРИЈАВИ ЗА НЕЗАКОНСКА СЕЧА, ЗАПЛЕНЕТИ НАД 500 КУБИЦИ ДРВА Шумската полиција одзема 30 возила и девет трактори

14/10/2026

AA

Над 500 кубни метри нелегално исечена дрвна маса биле запленети во засилените акции на Шумската полиција низ државата, спроведени во текот на септември и на почетокот на октомври. Во истиот период биле поднесени 140 пријави против лица осомничени за незаконски активности поврзани со сеча и транспорт на дрва.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), привремено биле одземени и 13 товарни и 17 патнички возила, девет трактори, како и моторни пили, приколки, секири и други предмети за кои постои сомнение дека биле користени за незаконска сеча и превоз на дрва.

Засилените акции се спроведуваат паралелно со редовните контроли, со посебен фокус на подрачјата каде што поинтензивно дејствуваат организирани групи што се занимаваат со нелегална сеча.

Контролите се насочени и кон спречување на незаконското снабдување со огревно дрво на домаќинствата и на производствените капацитети, со што се нанесува значителна штета на шумскиот фонд, наведуваат од Министерството.

– Засилените акции ќе продолжат и во наредниот период, на целата територија на државата. Заштитата на шумите е јавен интерес и наша институционална одговорност. Шумската полиција ја има целосната поддршка на Министерството да постапува одлучно и доследно против незаконската сеча, транспортот и трговијата со дрва, во рамките на своите законски овластувања – порачува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство – Борче Серафимовски.

Во пресрет на грејната сезона, МЗШВ ги повикува граѓаните да купуваат огревно дрво исклучиво од лиценцирани продавачи и складови. Според Министерството, набавката од легални извори придонесува за спречување на нелегалната трговија и за зачувување на шумите.

Од Министерството апелираат граѓаните да ги пријавуваат сомнежите за незаконска сеча, транспорт и продажба на дрва до Шумската полиција и другите надлежни органи.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОДБРАНАТА НА АРТАН ГРУБИ СЕ ОГРАДИ ОД СИНОЌЕШНИОТ СОБИР „Не

14/10/2026
Македонија

ЗАПЛЕНЕТИ 2 ТОНА НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА НА ПАЗАРОТ ВО ЧЕНТО Се

14/10/2026
Македонија

140 ПРИЈАВИ ЗА НЕЗАКОНСКА СЕЧА, ЗАПЛЕНЕТИ НАД 500 КУБИЦИ ДРВА

14/10/2026
Македонија

МИХАИЛОВА ИЗБЕГА ПОРАДИ ТОА ШТО ТРЕБАШЕ ДА ДОЈДАТ ЛЕКАРИ ОД

14/10/2026
Македонија

МУ БАРАЛЕ 10.000 ЕВРА И МУ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ Уапсени тројца

14/10/2026
Македонија

СКРИЛ 595 СРЕБРЕНИ ПРСТЕНИ ПОД СЕДИШТАТА Цариниците открија 1,7 килограми

14/10/2026
Македонија

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ

13/10/2026
Македонија

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените

13/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46156
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОДБРАНАТА НА АРТАН ГРУБИ СЕ ОГРАДИ ОД СИНОЌЕШНИОТ СОБИР „Не станува збор за организиран настан,

14/10/2026

Одбраната на Артан Груби ја информира јавноста дека се оградува од самоиницијативното одржување на собир на граѓани, соседи и пријатели,

ЗАПЛЕНЕТИ 2 ТОНА НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА НА ПАЗАРОТ ВО ЧЕНТО Се продавала на недозволени места и

14/10/2026

Околу 2 тона небезбедна храна се запленети денеска на зелениот пазар во скопската населба Ченто. Инспекторите откриле дека производите се

МИХАИЛОВА ИЗБЕГА ПОРАДИ ТОА ШТО ТРЕБАШЕ ДА ДОЈДАТ ЛЕКАРИ ОД СОФИЈА ДА ЈА ПРЕГЛЕДААТ Клековски

14/10/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија е поради доаѓањето на бугарскиот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy