Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СКОПЈАНИ СЕ ЖАЛАТ – РАДИЈАТОРИТЕ ЛАДНИ, СТАНОВИТЕ УШТЕ ПОЛАДНИ: почетокот на грејната сезона со стари проблеми, надлежните уверуваат „работиме согласно правилата“
Економија

СКОПЈАНИ СЕ ЖАЛАТ – РАДИЈАТОРИТЕ ЛАДНИ, СТАНОВИТЕ УШТЕ ПОЛАДНИ: почетокот на грејната сезона со стари проблеми, надлежните уверуваат „работиме согласно правилата“

25/10/2024

AA

Грејната сеозна
само што почна, а бројот на граѓани кои се јавија во нашата редакција и се пожалија
оти радијаторите се „млаки“ е голем. Револтирани и разочарани, велат, од
година во година затоплувањето во Скопје е се полошо, но додаваат дека
најмногу се разочарани поради непраземањето мерки од страна на надлежните.

Неколку жители на
општина Кислеа Вода за Фактор велат радијаторите се млаки, па дури и ладни,
дополнително, укажуваат дека греењето почнува многу доцна, кога веќе заминуваат
на работа, а становите им се ладни додека се подготвуваат за излегување. Проблематично
велат е и поради тоа што одредени денови, во вечерните часови, греењето воопшто
не се пушта.

– На некој начин се помиривме на почеток на грејна сезона радијаторите да се млаки, како и секоја
година кога надвор е потопло. Сепак, годинава делуваат уште поладни од
претходните години, па дополнителен проблем е што наутро мора да вклучиме клими
бидејќи станот е ладен. Топлината кај нас доаѓа после седум часот, радијаторите
почнуваат да се затоплуваат дури после седум часот. Нас парното ни е потребно
наутро, кога се подготвуваме, пред да излеземе за на работа или за во училиште,
да е топло да се спремиме на раат. Вака мора да затоплуваме, кај даваме многу
пари за загревање, плус пари и за струја – вели една скопјанка од Кисела Вода. 

Потоа дополни, дека има денови кога не добиваат воопшто топлинска енергија во
вечерните часови.

– Одредени
вечери, меѓу кои и за празникот, навечер радијаторите воопшто не се затоплија.
Колку и да било топло надвор, внатре собите се ладни, не може да не остават без
греење, но за жал и тоа го прават – вели нашата соговорничка.

Но, тие не се
единствените. Жителка на наслебата Ново Лисиче вели најголем проблем е температурата,
но и фактот дека топлинската енергија во станот пристигнува доцна.

– Пред турбуленции со греењето, становите се
затоплуваа рано наутро, денес не е така. Сега и тоа малку енергија што го испорачуваат е како да
не испорачале. Цените од година во година растат, а греењето се помалку го
има. Треба да работат како порано, да се загреваат домовите
од пет часот, а после повторно да го изгаснат – вели нашата соговорничка и додава дека не се задоволни од
одлуките на надлежните, ниту од мерките кои се преземаат за да се подобрат
состојбите.

Со сличен проблем
се јави и жител на од централното подрачје, кој потенцираше дека пред неколку
години се вратиле на системот за греење, иако биле исклучени, но се покајале.

– 
Не
само што се млаки радијаторите, се случува секоја година дефект, па дел
од становите немаат греење, а дур дојдат екипите поминува и цела недела. Парното го пуштаат доцна, ние стануваме рано, ладно е, дур се загрее, дома ни е
ладно. Од лани поставивме и клима, па со неа пригреваме. Не очекуваме да биде вака,
сега плаќаме за услуга која не ја добиваме. Се вративме на парно бидејќи
мислевме дека ќе биде добро за нас, ние сме во години, ни треба топлина, но тоа
го нема – посочува нашиот соговорник.

Од ЕСМ Снабдување
со топлина, компанија надлежна за загревање на Скопјани велат дека сите активности
се строго регулирани согласно законски и подзаконски акти.

– 
Во
однос на поплаките за температурата на парното греење, ја информираме
јавноста дека испораката на топлинска енергија се врши во согласност со строги
правила и дијаграми кои зависат од актуелните атмосферски услови и надворешните
температури. Испораката се врши во согласност со Мрежните правила за дистрибуција одобрени
од Регулаторната комисија за енергетика, во кои прецизно е дефинирана работата
на топланите и испораката на топлинска енергија – нагласуваат од компанијата.

Објаснуваат дека при
пониски надворешните температури се испорачува поголемо количество енергија, а корисниците имаат загреани домови согласно стандардите, односно
температури во домовите не пониски од 20+1 степен Целзиусов.

– Испораката
до потрошувачите се врши во периодот од 6 до 22 часот. Според правилата во
октомври и првата половина од ноември, кога временските услови се променливи,
снабдувањето зависи од температурата на воздухот и атмосферските услови во
различни периоди од денот. Доколку надворешните температури се пониски се
испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно
– посочуваат од ЕСМ.

Додаваат дека со
овие правила на испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска
енергија и минимални трошоци за греење на корисниците
. При точно дефинирани атмосферски
услови кога надворешните дневни температури ќе достигнат одредени гранични
вредности се врши прекин на испораката на топлинската енергија, односно системот
за централното греење се исклучува. Веднаш по намалувањето на надворешните
температури, поточно кога надворешните дневни температури се под граничните
вредности централното греење повторно се вклучува.

Со сличен став и
од регулаторното тело. Од РКЕ за Фактор укажаа дека согласно Правилата за
снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска
енергија, снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06:00 до
22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 степен
Целзиусов.

Доколку граѓаните
не се задоволни од услугата, регулаторите велат прво да алармираат за проблемот
со кој се соочуваат кај снабдувачот, па доколку не се отстрани проблемот, или не
се задоволни од одговорот потрошувачот може да ја пријави состојбата во РКЕ.

– Снабдувачот
е должен во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на
денот да обезбеди температура на греење од 20+1 º C, доколку тоа не е случај
граѓаните треба да ја пријават отстапката кај снабдувачот. Ако истата не биде
корегирана согласно Правилата за снабдување, состојбата да ја пријават во РКЕ.
РКЕ во континуитет постапува по сите поплаки и пријави за неправилно греење и
постојано реагира кај снабдувачот да постапи по истите во најбрз можен рок –
посочуваат од РКЕ.

Според
правилата од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот снабдувачот мора да обезбеди
температура на греење од 20+1 º C и тоа е минимална температура која е загарантирана.

– Доколку
одредени објекти имаат потреба за повисока температура, истите треба да ја
побараат од снабдувачот преку Заедницата на сопственици, и да имаат во предвид
дека секој степен над пропишаниот ќе рефлектира во индивидуалните сметки. Греењето
од централниот систем останува еден од најевтините начини на затоплување на
домовите во текот на зимата. Колку повеќе станови во една зграда се приклучени,
трошоците за греење се намалуваат
. Ова е особено видливо кај новите објекти кои
се изградени со енергетско ефикасни материјали и каде сите станови се вклучени
на централниот систем – укажуваат од РКЕ.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ НАПРАВИ ИСТОРИСКА КАПИТУЛАЦИЈА ПРЕД БУГАРИЈА Многу политички елити мандатите

24/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ДА НЕ ПАНИЧИ, ПРЕД СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ ИМА ТЕХНИЧКА

24/04/2026
Македонија

Дисциплинска комисија на ФФМ: Башкими суспендиран четири меча поради инцидентот

23/04/2026
Македонија

30 дневен притвор за Муамед Сејдини

23/04/2026
Македонија

СУДОТ ОДОБРИ ПРИТВОР ЗА ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ФФМ Самоволно уплатил

23/04/2026
Македонија

Мицкоски потврди: Арбен Фетаи заминува во Брисел, реконструкцијата на Владата

23/04/2026
Македонија

Рускоска за 4ТВ: Враќање на името е невозможна мисија

23/04/2026
Македонија

УАПСЕНИ ПЕТМИНА ДЕРМАТОЛОЗИ ОД ДРЖАВНИТЕ КЛИНИКИ И ОД ПРИВАТНА ОРДИНАЦИЈА

23/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42837
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ НАПРАВИ ИСТОРИСКА КАПИТУЛАЦИЈА ПРЕД БУГАРИЈА Многу политички елити мандатите ги завршија со неуспех и

24/04/2026

Ние нудиме креативни решенија континуирано овие две години откако сме Влада за блокираните евроинтеграции, вели премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи

ФИЛИПЧЕ ДА НЕ ПАНИЧИ, ПРЕД СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ ИМА ТЕХНИЧКА ВЛАДА Мицкоски ги расчисти сите

24/04/2026

Техничката влада останува и на следните избори, а се укинува за изборите после нив, па оттука стравот на опозицијата и

Дисциплинска комисија на ФФМ: Башкими суспендиран четири меча поради инцидентот со Струга ТЛ

23/04/2026

Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука ФК Башкими 1947 Куманово да се казни со забрана за играње на домашен терен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy