Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФИЛИПЧЕ ДА НЕ ПАНИЧИ, ПРЕД СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ ИМА ТЕХНИЧКА ВЛАДА Мицкоски ги расчисти сите дилеми
Македонија

ФИЛИПЧЕ ДА НЕ ПАНИЧИ, ПРЕД СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ ИМА ТЕХНИЧКА ВЛАДА Мицкоски ги расчисти сите дилеми

24/04/2026

AA

Техничката влада останува и на следните избори, а се укинува за изборите после нив, па оттука стравот на опозицијата и на Венко Филипче кои се противат на овие измени е дека и следните избори ќе ги изгубат, рече премиерот Христијан Мицкоски.

– Измените во Законот за влада велат дека на следните парламентарни избори останува да важи техничката влада, а тоа подразбира дека, како што беше за изборите во 2024, на изборите во 2020, на изборите во 2016 година, така и на следните избори парламентарни останува техничката влада. Јас 100 дена пред одржување на изборите како политички претседател на Владата давам оставка, доаѓа технички премиер кој го бира Парламентот, опозициската СДСМ учествува со свои кадри во рамките на владините тела, министерства, заменици министри итн – рече премиерот Мицкоски во гостување на Сител.

Мора јавноста ова да го знае, додаде тој, ова е факт, дека на следните избори ние ќе имаме техничка влада.

– Бидејќи самиот претседател на СДСМ вели дека се тие толку силни, организирани, луѓето го препознаваат тоа, се приклучуваат кон СДСМ видни интелектуалци професори итн., претпоставувам дека на следните избори на коишто ќе има техничка влада тие ќе победат и ќе формираат политичка влада. Законот вели дека од тие избори потоа, нема да важи, а тоа значи дека тие коишто ќе ја предводат владата после победата на следните избори веќе ќе немаат техничка влада, ќе можат да си владеат со владата, ќе можат да ја управуваат државата итн. Тоа се законските измени, тоа е суштината. Ако СДСМ е толку силна и екипирана и очекува дека ќе победи на следните избори како што тврди Филипче, во тој случај на следните избори СДСМ би формирала влада, а ВМРО-ДПМНЕ би била опозиција –  рече Мицкоски.

Не се разбирливи аргументите на СДСМ со кои се спротивставуваат на ова решение, потенцира тој.

– И сега ако ние веруваме дека сме зрела демократија и зрело демократско општество, ако ние веруваме дека навистина техничката влада си го одработила своето и застануваме позади овој концепт, притоа ризикувајќи дека вака како што вели Филипче, мобилизирана, екипирана СДСМ, секојдневно ѝ се приклучуваат интелектуалци, професори итн., победува на следните избори, тоа значи дека на тие избори после следните ние ќе бидеме опозиција, а тие ќе бидат влада. Така што јас навистина не можам овие аргументи, овие тези, би рекол, без никаква логика, да ги разберам – истакна Мицкоски.

На следните избори, повтори, без разлика дали тоа ќе бидат редовни или предвремени, овие измени овозможуваат да има техничка влада.

– Бидејќи се силни, без разлика на анкетите, еве велат дека имаат анкети и сме губеле 150.000, го кревале својот потенцијал, им се приклучувале луѓе, интелектуалци, професори, токму тука ја даде таа изјава, во ова студио, а тоа значи дека на следните избори тие ќе победат и потоа ќе можат нормално да си организираат некои идни парламентарни избори во коишто ние ќе бидеме опозиција. Ако се толку сигурни – рече премиерот Христијан Мицкоски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО

08/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ

08/10/2026
Македонија

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник

08/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ЛАЖЕ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГО ДЕМАНТИРАШЕ СО ИЗЈАВАТА Реформите

08/10/2026
Македонија

ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА МОБИЛЕН ОД 28 ОКТОМВРИ

08/10/2026
Македонија

ЛОКАЦИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТАРОТ Е ИЗБРАНА, КАМЕН ТЕМЕЛНИК ДОГОДИНА Поплавата во

08/10/2026
Македонија

НЕ СЕ ТИЕ АЛТЕРНАТИВАТА, ТИЕ ЈА ВИТКАА КИЧМАТА Седум години

08/10/2026
Македонија

ХРВАТСКА, ШВАЈЦАРИЈА И РОМАНИЈА ПРИФАТИЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Николоски

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46069
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО Бугарија праќа мешани пораки за

08/10/2026

Бугарија ја упатува Македонија да го решава проблемот со уставните измени во Брисел, но кога македонската Влада ќе предложи разговори

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ИЗБОРИ Левица,

08/10/2026

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски при гостување на телевизијата Алсат М, прашан дали ќе има предвремени избори, уште еднаш повтори

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник снег на планините

08/10/2026

Времето во петок, 9 октомври, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy