Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СКАНДАЛ ТЕЖОК 6,5 МИЛИОНИ ЕВРА НА ПОВИДОК ВО УЈП Група од луѓе и фирми на чело со српски државјанин направила ‘ршум
Македонија

СКАНДАЛ ТЕЖОК 6,5 МИЛИОНИ ЕВРА НА ПОВИДОК ВО УЈП Група од луѓе и фирми на чело со српски државјанин направила ‘ршум

08/04/2026

AA

Група од десетина луѓе и фирми испумпала 6,5 милиони евра од државниот буџет преку даночно затајување, измама и перење пари преку злоупотреба на службената положба, информира Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Организатори на групата биле првообвинетиот – српски државјанин, кој е сопственик и управител на две од обвинетите фирми и двајца службеници од Регионална дирекција на УЈП – Скопје, соопшти ОЈО ГОКК.

Јавен обвинител до судот достави Обвинителен акт против 10 лица и Обвинителен предлог против уште 11 физички и 4 правни лица.

Според сооопштението, групата била формирана во текот на 2023 година, а во периодот до 2025 година се приклучиле и други сопственици, управители и вработени во правни лица во Скопје и во Гевгелија.

ОЈО ГОКК објаснува како функционирала измамата. Првообвинетиот, српски државјанин, давал лажни податоци за своите приходи и за приходите на правните лица во годишните даночни биланси достаевени до УЈП.

„Двајцата службеници вработени во УЈП, давајќи му совети и упатства и отстранувајќи ги пречките за извршувањето, со умисла му помогнале во извршување на кривичното дело Даночно затајување. На тој начин во име и за сметка на кривично одговорните правни лица, првообвинетиот не пресметал и не платил данок од значителна вредност во вкупен износ од 16.782/519 денари“, се вели во текстот.

Останатите осомничени сопственици и управители на правни лица со цел неосновано да побараат враќање на данок во име и за сметка на нерезидентни правни лица што немаат седиште во РСМ, но плаќаат ДДВ за услуги остварени во земјата, го довеле во заблуда даночниот орган давајќи лажни податоци во поднесените даночни пријави, за враќање на данокот на додадена вредност во име и за сметка на правните лица со што го оштетиле буџетот во износ од 33.620.551 денари.

Дополнително, продолжува текстот, во истиот период, дел од обвинетите со цел прикривање на потеклото на парите прибавени со кривични дела, пуштиле во оптек, примиле пари и извршиле пренос на парични средства во вкупен износ денари 401.227.898 денари.

За седум лица обвинителството определило мерка притвор и доставило предлог за продолжување на мерката, за што треба да одлучи судот.

„Дополнително ОЈО ГОКК достави предлог за конфискување на движен и недвижен имот од осомничените во висина на предизвиканата штета на буџетот, како и одземање на предмети употребани за извршување на кривично дело. Во текот на постапката преку меѓународна правна помош е замрзнат имот и сметки на првоосомничениот, па согласно меѓународното право конфискацијата по завршување на постапката ќе се бара од српските власти“.

Десетте лица опфатени со обвинителниот акт се обвинети за Злосторничко здружување, а тројцата организатори за продолжено дело Даночно затајување и перење пари и други приноси од казниво дело. Останатите опфатени со обвинителен предлог според стореното се обвинети за Даночна измама, Фалсификување исправа и Перење пари и други приноси од казниво дело.

„Со Обвинителниот предлог се опфатени службени лица од Одделение за регистрација и утврдување на даноци при УЈП – Регионална дирекција Скопје. Обвинетите со умисла извршиле две или повеќе временски поврзани дејствија и со намера да прибават за друг значителна имотна корист или на друг да му нанесат значителна имотна штета, искористиле исти прилики и не ја извршиле својата службена положба и овластување. Со своите дејствија по поднесени барања за враќање на ДДВ преку полномошниците – обвинетите правни лица прибавиле имотна корист во вкупен износ од 349.652.595 денари и за истиот износ нанеле штета на Буџетот на РСМ. Десет лица се обвинети дека ја злоупотребиле својата службена положба и овластување, додека едно лице дека сторило кривично дело Фалсификување исправа.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за

23/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
Македонија

ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГИНЕКОЛОГОТ ОГНЕНОВИЌ Напаѓачот доби забрана

23/09/2026
Македонија

СОСТАНОК НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЊУЈОРК

23/09/2026
Македонија

СЕ ВОДАТ НА БОЛЕДУВАЊЕ, А РАБОТАТ НА ДРУГО МЕСТО ИЛИ

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45757
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за вештиот наод за нанесена душевна

23/09/2026

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски беше гостин во емисијата „Колегиум“, на телевизија Алфа и се осврна на темата за поранешниот

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната соработка и добрососедските односи

23/09/2026

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска во Њујорк, каде заедно со делегацијата што ја предводи присуствува на Генералното собрание на ОН

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ ОДГЛЕДУВАЧИТЕ НА МАРИХУАНА Тошковски изнесе

23/09/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска им се заблагодари на полициските службеници од Струмица за успешната акција во која

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy