
„СИТЕ СЛУЖБИ НА МАКСИМАЛНА ПОДГОТВЕНОСТ“ Гореше најголемата руска челичарница: Сведоци виделе дронови на небото пред експлозијата!
Металуршката фабрика Новолипек (НЛМК) е една од четирите најголеми челичарници во Русија и се наоѓа на околу 350 километри североисточно од украинската граница.
Пожарот што избувна во еден од објектите на металуршкиот комбинат Новолипек во областа Липецк во Русија, најверојатно предизвикан од пад на дрон, успешно е изгаснат, а шефот на Липецкиот регион Игор Артамонов потврди дека таму немало повреди.
Артамонов преку Телеграм објави дека нема опасност од испуштање опасни материи во животната средина. Жителите на Липецк пријавиле дека виделе четири дронови на небото, додека на видеата се гледа колона чад над фабриката.
Сите специјални служби се во максимална готовност“, изјави Артамонов, пренесува РИА Новости.
Металуршката фабрика Новолипек (НЛМК) е една од четирите најголеми челичарници во Русија и се наоѓа на околу 350 километри североисточно од украинската граница.
Од почетокот на нападот врз Украина пред две години, Русија речиси секојдневно известува за обиди за напади на украинските сили со беспилотни летала и ракети на граничните и централните области.

