Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СИТЕ ПАРИ ОД ПРОФИТОТ ЌЕ ОДАТ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ЗА МОДЕРНИ ПАЗАРИ – еве што ќе прави Скопски пазар со ланскиот профит
Економија

СИТЕ ПАРИ ОД ПРОФИТОТ ЌЕ ОДАТ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ЗА МОДЕРНИ ПАЗАРИ – еве што ќе прави Скопски пазар со ланскиот профит

31/05/2023

AA

Оваа
година дефинитивно нема да има дивиденда за акционерите на „Скопски пазар“. Таа
одлука вчера ја потврди и Собранието на акционери на оваа наша домашна
компанија.

Акционерското друштво „Скопски пазар“ објави како ќе ја распределува
ланската добивка на износ од 1,7 милиони евра, и притоа дивиденда не се
споменува, туку дека целиот овој профит ќе заврши во инвестициски вложувања.
Тоа е Одлука донесена на редовното годишно Собрание на акционери, кое се
одржало во текот на вчерашниот ден, а за кое компанијата извести преку
Македонската берза.

„Добивката по оданочување, односно нето добивката по одсаночување остварена
во 2022 година, на износ од 104.456.181 денар (1,69 милиони евра – н.з.),.
Согласно годишната сметка и ревидираните финансиски извештаи, се распределува
на следниов начин: За задржана добивка за инвестициски вложувања 104.456.181
денар“, се вели во одлуката.

Натаму, како што се додава во оваа објава до инвеститорската јавност,
неискористените средства од добивката од 2021 година, а кои биле наменети за
инвестициски вложувања и биле на сума од близу 750 илјади евра, ќе се
прераспределат во акумулирана добивка.

Од компанијата во Образложението наведуваат дека парите што ќе се
распределат во инвестициски вложувања за оваа година од ланската добивка, ќе
служат за развојни цели, односно вложувања во материјални и нематеријални
средства за проширување на дејноста.

Акционерите на вчерашното Собрание донеле и одлука за усвојување на
годишната сметка за работењето, која говори дека компанијата лани имала вкупен
приход од 6 милиони евра, додека расходите биле на ниво од 4,13 милиони евра.

Активата
на компанијата, пак, е 47 милиони евра.

Инаку, политиката дека нема да се дели дивиденда Скопски пазар ја најави и во својот план за 2023 година, каде отворено беше кажано дека дивидената ќе почека една
петолетка,
а прво треба
да се расчистат
долгорочни, наследени кредити, и да се
инвестира во компанијата, со цел да се подобри нејзината
конкурентност.

Ова друштво, кое управува со 12 зелени пазари и 2.700
тезги,
во објавените неодамна планови за оваа година, најави изградба на нов деловен комплекс со покриен
пазар во скопско Драчево, на локација на постоечкиот пазар. Паралелно со ова компанијата ќе
ги модернизира пазарите и деловниот простор низ Скопје со утврдена динамика. Во финансискиот план на друштвото за 2023 година е наведено дека
приоритет и понатаму ќе се дава на враќање на наследени долгорочни кредити и на
инвестициите. Заради тоа во овој момент друштвото не гледа предуслови за
поделба на дивиденда на среден рок односно за пет години до сега.

Актуелни големи акционери во Скопски пазар се „Современ дом“ од Прилеп и скопската
градежна компанија ЗСФ-КОМ. И двата акционери контролираат по 38,7 отсто од
акциите со право на глас. Самиот Скопски пазар, пак, поседува 11,24
отсто како сопствени акции.

Инаку, во март годинава Фактор објави информација дека германскиот синџир маркети, Лидл, кој ќе работи во земјава, ја купил локацијата на „Бриколаж“ од „Скопски пазар.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата

25/09/2026
Македонија

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и

25/09/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да

25/09/2026
Македонија

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон

25/09/2026
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
Македонија

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници,

25/09/2026
Македонија

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45801
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата во новото крило ќе надмине

25/09/2026

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид до Нова година треба да го стави во употреба новото

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и го снимале

25/09/2026

Шестгодишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со паметен часовник во соблекувална на спортска сала во основно училиште во

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да издаде позитивен записник

25/09/2026

  Во полициска акција во Скопје, неофицијално, е приведена инспекторка од Агенцијата за храна и ветеринарство, осомничена дека ја злоупотребила

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy