Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СИНДИКАЛНАТА КОШНИЦА ПАК ПОРАСНА – зголемување на минимална плата нема да има позитивен ефект врз стандардот на граѓаните, велат од ССМ
Економија

СИНДИКАЛНАТА КОШНИЦА ПАК ПОРАСНА – зголемување на минимална плата нема да има позитивен ефект врз стандардот на граѓаните, велат од ССМ

20/03/2024

AA

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец март 2024 година изнесува 58.998 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари годинава е зголемена за 1.522 денари.

Ова го соопшти Сојузот на синдикати на Македонија, од каде посочија дека најголемо зголемување има во делот кај храната и пијалоците кои за месец март изнесуваат 22.681 денари, споредено со месец февруари, кога изнесувала 21.219 денари, што, укажуваат, е зголемување за 1.462 денари. Од ССМ наведуваат дека со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март синдикалната кошничка изнесува 74.373 денари.

Од податоците со кои располага ССМ, од декември 2023 година до март 2024 година трошоците само за храна и пијалоци се зголемени за 1.951 односно за 9,41 отсто.

– Вредноста на минималната сидикална кошница е во постојан пораст од почетокот на годината, поконкретно во месец март 2024 година, каде што зголемувањето е најизразено кај делот со храната и пијалоците, што е резултат дека трговците не го послушаа апелот на ССМ и неосновано само во интерес на зголемување на својот профит енормно ги зголемија цените на прехрамбените производи што резултира со нефер практики на трговците, и доведува до осиромашување на работниците и граѓаните, а по прекинување на мерката на замрзнати цени, се наведува во денешното соопштение на ССМ.

Растот на цените, велат од Синдикатот, придонесува да се изгуби куповната моќ на рабтниците и граѓаните. Затоа, со новото зголемување на минимална плата од март 2024 година која според пресметките ќе изнесува околу 22.567,00 денари нема да има позитивен ефект врз стандардот на граѓаните.

– ССМ предлагаше продолжување на мерката за ограничување на цените во насока на заштита на животниот стандарт на работниците и граѓаните особено поради тоа што знавме дека алчноста и профитот на газдите ќе бидат причина за неосновано зголемување на цените на штета на работниците и граѓаните, а тоа е нешто што не смее да се дозволи. Работниците и граѓаните ги повикуваме незадоволството да го изразат заедно со ССМ на протест и да ни се приклучат, затоа што моментот кога треба да бидат гласни е сега, се вели во денешното соопштение од ССМ во врска со синдикалната кошница за март. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица,

17/02/2026
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП

17/02/2026
Македонија

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените

17/02/2026
Македонија

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата

17/02/2026
Македонија

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина

17/02/2026
Македонија

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под

17/02/2026
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО

17/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица, еден бил и пијан

17/02/2026

Осум возачи биле приведени во текот на вчерашниот ден во различни градови низ државата поради сериозни прекршоци во сообраќајот. Седуммина

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП Ги злоупотребуваа државните ресурси, а

17/02/2026

СДСМ повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија,  без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените подрачја се санираат!

17/02/2026

Обилните врнежи од дожд предизвикаа драстичен пораст на нивото на реките низ целата држава, оставајќи ги надлежните служби во состојба

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy