Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Симулациска вежба на македонската и грчката полиција за прекугранична контролирана испорака
Македонија

Симулациска вежба на македонската и грчката полиција за прекугранична контролирана испорака

19/02/2025

AA

Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи Александар Јанев денеска (19.02.) во Дојран присуствуваше на средбата по повод вчера одржаната симулациска вежба за прекугранична контролирана испорака, што во организација на мисијата на ОБСЕ во нашата земја беше реализирана од страна на македонските и на грчките полициски служби.

Симулациската вежба, во која што од македонска страна учествуваа полициски службеници од повеќе организациони единици при Министерството за внатрешни работи, примарно беше насочена кон надградба на оперативните механизми и протоколи за операции во рамки на граничната  соработка, како и детектирање на областите за подобрување на интероперабилноста, споделувањето разузнавачки информации и друго.

Директорот Јанев го поздрави одржувањето на вежбата, констатирајќи дека меѓуграничната соработка на полициските служби на двете држави е важна како за натамошно подобрување на билатералната соработка, така и во поглед на градењето на заеднички европски систем во сферата на интегрираното гранично управување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Осуденик во „Идризово“ почина од струен удар

30/08/2026
Македонија

Пронајдена 37-годишната бугарка која исчезна на Шар Планина

30/08/2026
Македонија

Возачот на ЈСП во пламен го возел автобусот за да

30/08/2026
Македонија

Гори двокатен автобус на Средно Водно

30/08/2026
Македонија

Куќата на Ивана Кнез за малку ќе изгореше во пожар:

30/08/2026
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45337
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Осуденик во „Идризово“ почина од струен удар

30/08/2026

Осуденик почина во кругот на Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје од последици на струен удар, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Пронајдена 37-годишната бугарка која исчезна на Шар Планина

30/08/2026

Триесет и седумгодишната бугарска државјанка, која синоќа беше пријавена за исчезната на Шар Планина, денеска е пронајдена жива и во

Возачот на ЈСП во пламен го возел автобусот за да го однесе на безбедна локација

30/08/2026

Автобус на ЈСП Скопје, кој сообраќал на линијата број 25 кон Водно, бил зафатен од пожар, но во инцидентот нема

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy