
Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени ја затресе Аргентина
Во областа Мендоза во Аргентина денеска е регистриран земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот е регистриран на длабочина од 120 километри, пренесува Ројтерс. Засега нема информации за причинета штета.