Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Усмртиле пешак, па лажеле за да избегнат вина
Магазин

Усмртиле пешак, па лажеле за да избегнат вина

03/11/2024

AA

Седумдесет и осумгодишна жена В.Н. од скопското село Марино вчера починала од повреди откако била удрена од патничко возило „хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки кое го напуштило местото на несреќата. Откако возилото било најдено, сопствениците во полиција дале лажна изјава за да избегнат вина. 

Како што денеска соопшти МВР, во 17.25 часот вчера во СВР Скопје било пријавено дека жената била удрена на крстосницата од ул.„500“ и ул.„401“ во село Марино и дека возачот избегал со возилото. 

В.Н починала од повредите на самото место. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по насоки на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и биле преземени низа оперативни мерки за пронаоѓање на возачот и возилото.

Како што информира МВР, биле прегледани видеоснимки од околни објекти и било разговарано со сведок, како и со сопствениците на возилото кои во службен разговор изјавиле дека го дале возилото на непознато лице без купопродажен договор.

-Но, по преглед на снимките од „Сејф сити”, констатирано е дека се работи за лажна изјава на сопственичката на возилото Ј.С. од Скопје, која веднаш е приведена во Полициска станица Гази Баба и признала дека нејзиниот сопруг И.С. (46)  го управувал возилото. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Министертството за внатрешни работи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44768
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора да сопре!

30/07/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

30/07/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy