
Силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја
Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди брегот на Папуа Нова Гвинеја
Ова го соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот е регистриран во 15:13 часот по средноевропско време.
Епицентарот на земјотресот бил на 65 километри југоисточно од градот Кимба.
Земјотресот бил на длабочина од 50 километри.
Нема информации за евентуални жртви или материјална штета, пренесува РИА.