Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ кон крајот на март ќе ги објави имињата на носителите на пратеничките листи
Македонија

СДСМ кон крајот на март ќе ги објави имињата на носителите на пратеничките листи

15/03/2024

AA

Имињата на носителите и кандидатите за пратеници ќе бидат познати кон крајот на месецот. Носители ќе бидат искусни партиски кадри и членови кои и во минатото извршувале високи позиции во партијата и државата, изјави лидерот на СДСМ, Ковачевски.

За барањето на Крешник Бектеши од ДУИ, тој што ќе ги загуби изборите – да се повлече од политиката, експремиерот со став дека постојат победи и порази, но не секогаш оној кој губи си заминува.

„Тоа е исто како да кажете дека ако некој фудбалски тим изгуби натпревар, сите фудбалери и тренери веќе никогаш да се занимаваат со фудбал. Политичарите се занимаваат со политика, тие нудат свои решенија, граѓаните оценуваат и проценуваат што е во нивен интерес“, изјави Ковачевски.

Министер за економија Бектеши ги повика останатите партии да направат договор – „тој што ќе изгуби, повеќе да не се занимава со политика“. Тој рече дека сите во ДУИ се сигурни дека ќе победат, но се дискутира која ќе биде разликата.

„Ја фрламе ракавицата, нека повелат сите партии, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ. Ако сакаат, можеме да направиме и договор. Знаат од партијата дека не можат да се мерат со ДУИ во идеи и избори. Нека повелат и јавно да потпишеме дека тој што ќе ги изгуби изборите, нема веќе да се занимава со политика. Сите изгубиле избори и тоа повеќе пати, само г-динот Ахмети не изгубил и нема да изгуби избори“, изјави Бектеши.

Министерот за економија, рече дека далеку се од договор со СДСМ за коалицирање, додека пак лидерот на партијата Ахмети, е авторизиран да преговара со сите политички партии, невладини организации, активисти интелектуалци за можни коалиции за парламентарните избори.

Марина Стојанова Тонева

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy