Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Силјановска: Хегел греши, Македонците заслужуваат подобар претседател и премиер
Македонија

Силјановска: Хегел греши, Македонците заслужуваат подобар претседател и премиер

06/04/2024

AA

Во својот говор на предизборниот митинг во Неготино кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова се спротивстави на мислата на филозофот Хегел кој смета дека секој народ ја заслужува својата власт.

Според Силјановска Хегел не е во право затоа што македонците заслужуваат подобар претседател и премиер од тие што сега ги водат.

,,Оваа држава е далеку од правна држава, државата ни е партиска!

Мислам дека вие не ја заслужувате оваа власт, тоа треба да се смени и по овие претседателски избори ветувам дека ќе го сторам она што го очекувате од мене. Секој ден ќе ви докажувам дека мојот легитимитет извира од вас, а не од некој друг.

Во Македонија сега постојат две држави во една, две собранија, два премиери и за тоа вината е и кај шефот на државата. Негова улога е обединува и да помирува, да гради единство меѓу власта и опозоцијата, меѓу мажите и жените, меѓу лицата со попреченост и другите”, изјави кандидатката.

Според Силјановска Давкова сликата за Македонија во светот ја даваат државните претставници и затоа сме држава што не ужива углед во светот.

,,Се плашам кога сегашните државни претставници се среќаваат со странци и се прашувам што ли ќе кажат, дали ќе стојат на ставот. Одат со еден став, се враќаат со друг став а потоа воопшто немаат никаков став и затоа не заслужуваат почит. Граѓанките и граѓаните на Неготино не заслужуваат ваква власт”, изјави Силјановска Давкова во Неготино.

Според кандидатката за претседател сликата за државата е сликата на претседателот, премиерот, спикерот, амбасадорите, претседателката на врховниот или уставниот суд.

,,Претседателот има директна одговорност за лошата слика за земјата во светот затоа што тој ги потпишува указите за амбасадорите.
Претседателот има одговорност за правосудството затоа што таму предлага членови на Судскиот совет.
За уставниот суд каде исто така предлага членови исто така има вина затоа што нашиот највисок суд не е познат како бранител на човекови права и слободи”, порача кандидатката Гордана Силјановска Давкова од Неготино.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Полициска акција во гостиварско: Приведени 15 странски државјанки

30/07/2026
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над

30/07/2026
Македонија

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен

30/07/2026
Македонија

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44754
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Полициска акција во гостиварско: Приведени 15 странски државјанки

30/07/2026

Две лица се лишени од слобода, а 15 странски државјанки се приведени во полициска акција спроведена во два угостителски објекти

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над 12,6 милиони денари

30/07/2026

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две физички лица и едно правно лице

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен 29-годишен гевгеличанец

30/07/2026

Дваесет и деветгодишен жител на Гевгелија е лишен од слобода откако полициски службеници го затекнале како вози со 204 километри

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy