Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сиљановска-Давкова на Конференција на ОН за океанот: Без излез на море, но со свест за заедничката иднина
Македонија

Сиљановска-Давкова на Конференција на ОН за океанот: Без излез на море, но со свест за заедничката иднина

09/06/2025

AA

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на третата Конференција на Обединетите Нации за океанот (UNOC3).

„Изразувам искрена благодарност до ко-претседавачите, претседателите на Франција и на Костарика, за организирањето на оваа Трета конференција на Обединетите нации за океанот.

Како член на едно општество, секој од нас е дел од она што Русо го нарече општествен договор. Сепак, се собравме тука, во Ница, како страни на еден друг договор, природниот договор на Мишел Сера, којшто ги обврзува луѓето да се однесуваат кон планетата како кон рамноправен партнер. И, се осмелувам да кажам, дека стоиме тука како пред суд, како виновници што го прекршиле тој природен договор.

Океанот е синото срце на нашата сина планета. Милијарди години, ова сино срце чука во ритам што го одржува животот на безброј видови, вклучувајќи го и нашиот. Како срце на глобалниот климатски систем, океанот апсорбира една четвртина од емисиите на CO2 и обезбедува половина од кислородот потребен на Земјата. Ја лади планетата со апсорбирање на 90% од топлината и ја регулира климата. Тоа е од суштинско значење за безбедноста на храната. Животот над морското ниво зависи од животот под морското ниво.

Сепак, со нашите неодржливи системи за производство и расипничките конзумеристички навики, го нарушуваме океанскиот систем. Доказите против нас се насекаде околу нас.

Океанот стана потопол и покисел. Неговите исконски струи се менуваат, правејќи го морето понепредвидливо. Неговите живописни корали се избелени, а богатите морски екосистеми уништени. Додадовме пестициди и пластика во синџирот на исхрана, нарушувајќи ги сложените биохемиски процеси кај живите организми.

Заслепени од краткорочната добивка, ја ризикуваме егзистенцијата на идните генерации. Помислете на растечките температури, на сè почестите екстремни временски настани и на микро-пластиката којашто завршува на нашите чинии.

За да се справиме со оваа криза, нам ни е потребен ефикасен мултилатерализам со силна Организација на Обединетите нации во неговата срж. ООН постои за градење на мир не само меѓу нациите, туку и со природата. Ниту една земја, ниту еден континент не може да го постигне ова самостојно. Тоа е заеднички напор на целото човештво, на сите нации, големи и мали, со и без излез на море. Особено на оние без излез на море, не само затоа што имаме законско право на пристап до море (според Конвенцијата на ОН за право на море), туку затоа што сме дел од истиот океански систем.

Мојата земја се залага за силно меѓународно управување со океанот и дијалог. Ја поздравуваме декларацијата „Наш океан, наша иднина: обединети за итна акција“ и го поддржуваме спроведувањето на Целта бр. 14 за одржлив развој и Акцискиот план од Ница. Денес ќе го потпишам Договорот за зачувување и одржливо користење на морската биолошка разновидност во области надвор од националната јурисдикција. Исто така, го поддржуваме целосното спроведување на Глобалната рамка за биолошка разновидност Кунминг-Монтреал за запирање на губењето на биолошката разновидност. Ја поздравуваме амбициозната акција за заштита, зачувување, одржливо користење и обновување на океанот и неговите екосистеми во согласност со Пактот за иднината.

Како и да е, нашиот најголем придонес е поврзан со справувањето со климатските промени. Како потписник на Парискиот договор, се обврзавме значително да ги намалиме емисиите на стакленички гасови, да го забрзаме преминот кон економија со ниски јаглеродни емисии во енергетиката, транспортот, индустријата и земјоделството. Бидејќи сме во Медитеранот, еден од климатски најранливите региони во светот, даваме приоритет на прилагодувањето на нашите најранливи сектори, особено водните ресурси. Сепак, овој процес ќе биде многу поефикасен ако нашиот процес на пристапување во ЕУ се деблокира. Борејќи се против климатските промени, се бориме за океанот.

Нам ни е потребно она што Едгар Морин го нарече свест за земјата, длабока свест за нашата меѓусебна поврзаност како единствена планетарна заедница. Гледаме знаци за ова бидејќи младите генерации насекаде стануваат сè посвесни за кризата на океанот, вклучително и во мојата земја којашто нема излез на море. Неодамна, се сретнав со група млади, паметни македонски ученици коишто ќе учествуваат на Првиот предизвик „Лего лига“, поддржан од УНЕСКО, со иновативно решение за тоа како да се користи роботиката за чистење на океаните и хранење на китовите. Замислете, ученици од земја без излез на море се пасионирани за спасување на океанот.

Реков дека сме на суд. Дното на океанот е преполно со докази коишто ја докажуваат нашата вина. Идниот капетан Немо можеби ќе ги собере и ќе нè обвини за прекршување на природниот договор. Но, за да добиеме поповолна пресуда од идните генерации, треба да го замениме нарцисоидното огледало на Доријан Греј со огледало на природата. Како што легендата за океанографија Жак Кусто еднаш рекол „морето, големиот обединувач, е единствената надеж на човекот. Сега, како никогаш досега, старата фраза има буквално значење: сите сме во истиот чамец“. Одберете: „Титаник“ или „Ноевата арка“? Јас го избрав вториот. Тргнува од Ница“, порача Сиљановска Давкова.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонија од септември се приклучува кон Вертикалниот гасен коридор: Чекор

17/08/2026
Македонија

ГАЛЕРИЈА 34 години Армија на Македонија, бевме на почесна артилериска

17/08/2026
Македонија

Пожар го зафати прилепско Чаниште: Огнот влезе меѓу куќите, спречена

17/08/2026
Македонија

Првa пресудa за 5-те тона марихуана од Македонија во Србија

17/08/2026
Македонија

Случај „Пулс“: Нелегално реконструиран објект без стручен надзор и блокиран

17/08/2026
Македонија

Ангелов алармира: Риболовци палеле оган крај Треска среде сезона на

17/08/2026
Македонија

Пожарот навлезе во делови од прилепското село Чаниште, зафатени куќи

17/08/2026
Македонија

Дел од бензинските во Скопје не продаваат дизел, го чекаат

17/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45073
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонија од септември се приклучува кон Вертикалниот гасен коридор: Чекор кон поголема енергетска независност

17/08/2026

Македонија во септември официјално ќе стане дел од Вертикалниот гасен коридор, најави министерката за енергетика Сања Божиновска. Оваа иницијатива претставува

ГАЛЕРИЈА 34 години Армија на Македонија, бевме на почесна артилериска стрелба

17/08/2026

По повод 18 Август – Денот на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа почесна артилериска стрелба, со која

Пожар го зафати прилепско Чаниште: Огнот влезе меѓу куќите, спречена е поголема трагедија

17/08/2026

Пожар што изби денеска околу 13:30 часот во близина на прилепското село Чаниште брзо се прошири кон населеното место, зафаќајки

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy