Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сиљановска Давкова ја врачи Големата годишна награда за архитектонско дело на Искра и Владимир Лековски за црквата „Свети Константин и Елена“!
Македонија

Сиљановска Давкова ја врачи Големата годишна награда за архитектонско дело на Искра и Владимир Лековски за црквата „Свети Константин и Елена“!

27/12/2025

AA

Претседателката Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година.

Лауреати на Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година се авторите Искра Лековска и Владимир Лековски од архитектонското студио „Лелелеле“, за проектот Православен храм – црква „Св. Рамноапостоли цар Константин и царица Елена“ во Скопје.

Таа истакна дека наградувањето не е ларпурлартизам, ниту се наградуваат само резултатот и творбата, туку се евалуира процесот на истражување, трагање, компарирање, сомневање, преиспитување, kако и одговорниот однос кон просторот и луѓето во него.

Според неа, изборот на добитниците се темели на строга и аргументирана стручна обсервација на делата, во потрага по она што ги надминува професионалните стандарди и воспоставува нови критериуми во современата архитектонска практика.

Претседателката потсети дека архитектурата, како триаголник на наука, уметност и општествен ангажман, има суштинско влијание врз убавината и функционалноста на јавниот простор, односно врз квалитетот на урбаното живеење.

Во услови на забрзана урбанизација, финансиски интереси и економски притисоци, архитектот, според неа, има обврска да го штити јавниот интерес и да го брани јавниот простор, просторот како заедничко добро, градејќи рамнотежа меѓу потребите на сегашноста и одговорноста кон иднината.

За авторите на награденото архитектонско дело, црквата „Св. Константин и Св. Елена“ е метафора за македонската колективна меморија и идентитет и ја персонифицира хармонијата меѓу небото и земјата, духовното и световното, традицијата и современоста. 

Претседателката им честиташе на добитниците, потенцирајќи дека наградата има силна, едукативна и инспиративна вредност за архитектонската фела и за младите архитекти!

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова.

Почитувани,

Големата годишна награда за архитектура, во амбиент на урбан хаос, е ретка прилика за мене да се дружам со луѓе коишто веруваат во убавото и во функционалното. Оваа манифестација не ја доживувам само како чин на оддавање свечено признание на најуспешното архитектонско дело, туку и ретка можност за стручна и уметничка евалуација на архитектонските остварувања. 

Не случајно, настанов се случува овде, на Архитектонскиот факултет, како култен образовен амбиент во којшто виреат и растат идните архитекти, каде што се негуваат и се поттикнуваат критичката мисла и одговорноста кон просторот во којшто живееме.

Архитектурата, како триаголник на уметност, наука и општествен ангажман, има длабоко и трајно влијание врз нашето ментално и физичко здравје, но и врз човековото поведение  што, пак, влијае врз квалитетот на нашите секојдневни активности.

Архитектите се оние што естетски го обликуваат секојдневието, преку креирањето функционални, одржливи и хумани решенија. Логосот, но и еросот и патосот на нивните творби го креираат и го обележуваат духот на епохата, ги вградуваат потребите на човекот во просторот и оставаат траги што нè надживуваат нас, нивните современици, а нив ги вградуваат во вечноста!

Денешново дружење на еден лаик како мене, којшто во потрагата по убавото, ви се придружува во уживањето на моментумот, е значаен момент не само за македонската архитектура, туку и за македонското општество, но и пошироко. Не сведочиме и не ѝ се радуваме само на индивидуалната извонредност, туку и на вредностите коишто современата архитектура ги отсликува или негира под влијание на конфузната и конфликтна (не)цивилизациска реалност во која живееме, испреплетена со глобалните текови и трендови, како нивен одраз, сенка или отпор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 УКРАДЕН СЕФ ОД 400 КГ, ОРУЖЈЕ И НАКИТ ВРЕДНИ

21/09/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА

21/09/2026
Македонија

📷 ПАДНА ГРУПА ОСОМНИЧЕНА ЗА ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ Полицијата тресе

21/09/2026
Македонија

СЕРИЈА ТЕШКИ КРАЖБИ ВО ТЕТОВСКО, ПАДНАЛ И СЕФ ОД 400

21/09/2026
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45698
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 УКРАДЕН СЕФ ОД 400 КГ, ОРУЖЈЕ И НАКИТ ВРЕДНИ 250.000 ЕВРА ВО ТЕТОВСКО Полицијата

21/09/2026

Сеф тежок околу 400 килограми, пари, златен накит и оружје се дел од пленот во серијата тешки кражби во тетовско,

ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА ДА БЕГА Притворот му истекува

21/09/2026

Првообвинетиот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов Деко, понудил недвижен имот проценет на околу 200.000 евра како

📷 ПАДНА ГРУПА ОСОМНИЧЕНА ЗА ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ Полицијата тресе на повеќе од 10 локации

21/09/2026

Голема полициска акција е во тек на повеќе локации во Скопје, Чаир, Тетово и Гевгелија, во рамки на истрага против

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy