Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Шверцери“ без билети за мечот Албанија – Србија, револтот ќе го искажат на плоштадот „Скендербег“
Македонија

„Шверцери“ без билети за мечот Албанија – Србија, револтот ќе го искажат на плоштадот „Скендербег“

05/06/2025

AA

Навивачката група на Шкупи, „Шверцери“, изрази длабоко разочарување поради тоа што не доби билети за квалификацискиот натпревар меѓу Албанија и Србија, кој ќе се одигра во сабота во Тирана. Фудбалската федерација на Албанија не одобри влезници за оваа група, што ги натера „Шверцери“ својот револт да го искажат преку јавен собир.

Протестот е најавен да се одржи на плоштадот „Скендербег“, токму во времето на одигрување на мечот – во сабота од 20:45 часот.

„Сакаат да не поделат, но не можат тоа да го направат со билети, правила и наредби. Ние сме гласот на трибината кој никогаш не запира. Ние сме ‘Шверцери’, црвено-црни. Или си со нацијата или си против неа“, стои во соопштението на навивачите од Чаир.

„Шверцери“ не се единствените кои останаа без билети – и други навивачки групи од Албанија добиле известување дека мора да набават влезници по редовна постапка. Огромниот интерес за натпреварот резултираше со вистинска „битка“ за влезници – за 22.000 билети аплицирале над 200.000 луѓе.

Мечот е класифициран како настан со висок ризик, поради можните инциденти меѓу навивачите, што е дополнителна причина за внимателниот пристап на организаторите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Преседан во Правосудството: Уставниот суд го извести Обвинителството за неизвршена

07/08/2026
Македонија

Лекот „Фостер“ повторно достапен во аптеките без доплата за пациентите

07/08/2026
Македонија

МЗ покренува стручен надзор со странски експерт за компликациите кај

06/08/2026
Македонија

Германец приведен во Радожда: Со дрон неовластено снимал армиска караула

06/08/2026
Македонија

Драматична состојба во Тетовско: Пожарникарите дневно гасат и до 17

06/08/2026
Македонија

Ристески: Цените се под контрола и засега нема потреба од

06/08/2026
Македонија

Недостиг на терапија за онколошките пациенти: Здружението „Хема-Онко“ бара системско

06/08/2026
Македонија

30-ти роденден на 2.200 метри височина: Габриела Панајотова го прослави

06/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44893
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Преседан во Правосудството: Уставниот суд го извести Обвинителството за неизвршена одлука од Граѓанскиот суд Скопје

07/08/2026

Уставниот суд за првпат од своето постоење примени нов механизам за заштита и извршување на сопствените одлуки (предвиден со Актот

Лекот „Фостер“ повторно достапен во аптеките без доплата за пациентите

07/08/2026

Министерството за здравство соопшти дека, по известување од носителот на одобрението за ставање во промет на лекот „Фостер“, направени се

МЗ покренува стручен надзор со странски експерт за компликациите кај парализираната родилка

06/08/2026

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведе вонредни инспекциски надзори во болниците во Струмица, Штип и на Клиниката за неврологија

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy