Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шведска се сомнева дека ќе влезе во НАТО до јули
Македонија

Шведска се сомнева дека ќе влезе во НАТО до јули

30/03/2023

AA

Шефот на шведската дипломатија денеска изјави дека повеќе не е сигурен оти неговата земја ќе може да влезе во НАТО до јули, пренесе Ројтерс.

Шведска изрази желба да стане дел од воената алијанса по руската инвазија на Украина минатата година, но Унгарија и Турција досега не го одобрија нејзиното барање.

Министерот за надворешни работи на земјата, Тобијас Билстром, минатата недела изјави дека Шведска сигурно ќе стане членка на НАТО до самитот на воената алијанса во Вилнус во јули. Тој, пак, денеска за шведската новинска агенција изјави дека во последните денови ги набљудувал изјавите на другите земји, особено оние на Унгарија, и тие се знак дека треба повторно да размисли за тоа што го кажал. „Можеби „можно“ е подобриот збор во овој контекст“, рече тој.

Еден ден претходно, портпарол на унгарската влада изјави дека кандидатурата на Шведска е во мирување поради критиките на Стокхолм за политиката на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Турција ја обвини Шведска дека е домаќин на членови на Курдистанската работничка партија, која Анкара и нејзините западни сојузници ја сметаат за терористичка организација. Односите меѓу двете земји дополнително се влошија во јануари поради протестот во близина на турската амбасада во Стокхолм, во кој екстремно десничарски политичар запали примерок од муслиманската света книга Куранот.

Шведската влада соопшти дека сериозно ги сфатила забелешките на Турција, но додаде дека има барања што Шведска не може да ги исполни, како што е екстрадиција на луѓе кои Турција ги смета за опасни.

Финска изрази желба да стане членка на НАТО заедно со Шведска. Нејзината кандидатура беше одобрена од Унгарија во понеделникот и се очекува наскоро да биде ратификувана од Турција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy