Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Што го чека Навални во „Поларен волк“: Тешки услови во затвор, прескапа храна од киосци и специјални прошетки
Македонија

Што го чека Навални во „Поларен волк“: Тешки услови во затвор, прескапа храна од киосци и специјални прошетки

29/12/2023

AA

По 19 дена без информации за рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, откриено е дека тој е префрлен во еден од најбруталните затвори во Сибир.

Тој преку социјалните мрежи на сите им порача дека е „новиот Дедо Мраз“, а објавата е објавена на неговиот официјален профил на Инстаграм, која се претпоставува дека ја направиле членови на неговиот тим.

„Имам капа од овча кожа, капа со уши, наскоро ќе ми дадат валенка, а за 20 дена ќе пуштам брада“.

Тој исто така се пошегува дека не вели „хо хо хо“, туку „ох ох“ кога ќе погледне низ прозорецот каде што може да види ноќ, па вечер, па ноќ.

Причината е што тој е во поларниот круг каде во овој период од годината речиси и нема дневна светлина, но рече дека никој не треба да се грижи за него и дека е добро.

На исчезнувањето на Навални му претходело апсење на тројца адвокати кои го застапувале во различни периоди: Игор Сергунин, Вадим Кобзев и Алексеј Липсер. Во октомври тие беа приведени под обвинение за учество во „екстремистичка организација“.

Затворот во кој е сместен се вика Казнената колонија бр.3 „Поларен волк“. Велат дека оттаму е речиси невозможно да се избега бидејќи од едната страна има стотици километри тундра, а од другата поларните Уралски планини.

Тежок е и протокот на информации, имајќи предвид дека телекомуникациите не функционираат баш најдобро.

Навални бил во фаза на превезување од една во друга казнена колонија и, како што пишува опозицискиот портал Медуза, нормално е дека во тој период нема комуникација со затворениците.

Дестинацијата на трансферот наводно се чува во тајност не само од адвокатите и роднините, туку и од самиот осуденик, кој може да дознае за трансферот само неколку часа пред поаѓање.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИЦКОСКИ СО „14-0“ ГО ОТВОРИ ПРАШАЊЕТО ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА Што

17/09/2026
Македонија

УСТАВНИ ИЗМЕНИ САМО СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО Така Македнија би добила

17/09/2026
Македонија

📽️ НЕМА ИМПРОВИЗАЦИИ, ОВАА ВЛАДА ИСПОРАЧУВА Партнерството со САД е

17/09/2026
Македонија

СМЕНЕТА ЦЕЛА ЕДИНИЦА НА БЈБ ВО КУМАНОВО ЗА БОРБА ПРОТИВ

17/09/2026
Македонија

ЗДРУЖЕНИЕТО ОМО – ИЛИНДЕН ПИРИН EКСПРЕСНО Ѝ ОДГОВОРИ НА ЈОТОВА

17/09/2026
Македонија

СТРАТЕГИЈАТА ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ДО КРАЈОТ НА

17/09/2026
Македонија

38-ГОДИШНАТА М.И.Б ОД СКОПЈЕ Е ЖЕНАТА ШТО ФРЛИ ЃУБРЕ ВО

17/09/2026
Македонија

ДЗР УТВРДИ ДЕКА СЈО ИСПЛАЌАЛО ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ СПРОТИВНО НА

17/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45653
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy