Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШТЕРЈО НАКОВ, ДРАГАН НАКОВ… ЌЕ БИДАТ ЧЛЕНОВИ НА ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЛОТАРИЈА“ – со ланската добивка ќе се покриваат натрупаните загуби
Економија

ШТЕРЈО НАКОВ, ДРАГАН НАКОВ… ЌЕ БИДАТ ЧЛЕНОВИ НА ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЛОТАРИЈА“ – со ланската добивка ќе се покриваат натрупаните загуби

30/05/2023

AA

Штерјо Наков и неговиот син Драган Наков,
кој во моментов е и директор на шпедитерската компанија „Фершпед“, ќе бидат
нови членови на Одборот на директори на „Лотарија на Македонија“.

Нивниот
мандат ќе биде шест години и за тие свои функции ќе земаат месечен паушал од по
30 илјади денари.

Промената
во раководството е една од одлуките кои ги донело Собранието на акционери на
седница одржана пред неколку дена, поточно во петокот минатата недела.

Исто
така, компанијата донела одлука целата добивка која што ја оствари лани, на
сума од 121 илјади евра, да се намени за покривање на загубите од претходните
години, што значи дека акционерите нема да земат дивиденда.

Инаку,
треба да се има предвид дека според последната состојба од Централниот
депозитар, најголем и управувачки сопственик на „Лотарија на Македонија“ е
токму „Фершпед“, друштво за меѓународна и внатрешна шпедиција, додека Митко
Димов поседува 10,77 отсто, а самата „Лотарија“, пак, располага со сопствени
акции од 9,9 отсто од капиталот на компанијарта.

Притоа, во објавата се
наведува дека практично нови членови на Одборот на директори ќе бидат Драган
Наков, кој ќе биде независен член, потоа Штерјо Наков, Тодор Сејзов и Стефан
Станковски.

Тие ќе треба од нив да
изберат еден од нив, кој ќе биде директор на „Лотарија“.

„Мандатот на новоизбраните
членови согласно статутот на друштвото трае шест години. Надоместокот за
членство на неизвршните директори во Одборот на директори изнесува 30.000
денари месечно“, се вели во објавата.

Натаму, како што се
наведува во одлуката од Собранието на акционери, новоизбраните членови на
Одборот на директори се задолжуваат да одржат конститутивна седница, на која ќе
изберат претседател на Одборот на директори, и ќе определат лице кое ќе биде
извршен член, и ќе го носи називот генерален извршен директор.

Инаку, во образложението
за избор на нови членови на Одборот на директори, се наведува дека на
претходните членови им истекол мандатот.

Акционерите на петочната
седница донеле одлука и за распределба на добивката остварена во минатата
година, а таа изнесува 121 илјади евра.

„Добивката по оданочување
за 2022 година, во износ од 7.466.419 денари (121 илјади евра – н.з.), се
распределува за покривање на акумулираната загуба од претходните години“, се
вели во одлуката што ја донело Собранието на акционери.

Инаку, според податоците
од Берзата, „Лотарија“ во 2021 година има остварено добивка од 105 илјади евра,
додека, пак, во 2020 година компанијата имала исто така позитивен финансиски
резултат, од 106 илјади евра.

Но, веројатно се
наталожила загуба од претходните години, која сега се покрива со позитивниот
финансиски резултат.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОПЕРАЦИИ НА ОЧИ, ДВОЈНА НАПЛАТА И ШТЕТА ОД 1,7 МИЛИОНИ

29/10/2026
Македонија

ВО БИТОЛА ИЗВАДЕНИ НАД 1.700 РАЧНИ БОМБИ И МИНИ ОД

29/10/2026
Македонија

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК МОЖЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НА 4.500 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

29/10/2026
Македонија

ДИГИТАЛНОТО ЛЕГИТИМИРАЊЕ ЌЕ ПОЧЕКА ДО ЕДНА ГОДИНА Потребно е да

29/10/2026
Македонија

СПОРТСКИТЕ САЛИ НЕМА ДА СЕ ДАВААТ НА ПРИВАТНИЦИ, ТУКУ НА

29/10/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ДОНЕСЕ НОВ ЗАКОН ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ Со

29/10/2026
Македонија

18 УПЛАТИ ВО 4 ДРЖАВИ, ШТЕТА ОД 14.000 ЕВРА Кривична

29/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ И ГАШИ ПОВИКАА ДА НЕ СЕ ГЛАСА ПО ЕТНИЧКА

29/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46442
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОПЕРАЦИИ НА ОЧИ, ДВОЈНА НАПЛАТА И ШТЕТА ОД 1,7 МИЛИОНИ ЕВРА Осуммина приведени, 11 кривични

29/10/2026

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа. Според истрагата, Фондот бил оштетен

ВО БИТОЛА ИЗВАДЕНИ НАД 1.700 РАЧНИ БОМБИ И МИНИ ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА Отстранета голема

29/10/2026

Отстрануваме голема опасност до куќите коишто се наоѓат веднаш под Тумбе Кафе во Битола, на неколку метри воздушна линија од

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК МОЖЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НА 4.500 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО Ќе се користи преку М-услуги

29/10/2026

Покачување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy