Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шокантен случај во Муртино: Малолетник со огнено оружје убил куче
Македонија

Шокантен случај во Муртино: Малолетник со огнено оружје убил куче

11/03/2025

AA

Малолетник во струмичкото село Муртино брутално го убил кучето Рекс со огнено оружје, што предизвика бурни реакции во јавноста. На случајот реагираа и од здружението „Анимал Лаверс“ од Струмица, осудувајќи го чинот и барајќи соодветни мерки против насилството врз животните.

Тие нагласуваат дека и полицијата потврдила за случката и дека случајот веќе му е предаден на Јавното обвинителство.

– Овој настан отвора сериозни прашања за безбедноста во општеството. Како е возможно малолетник да поседува и да ракува со огнено оружје? Дали во семејството на сторителот децата се учат да користат оружје? Дали надлежните институции ќе дозволат да помине ова злосторство неказнето?  И каква порака испраќаме до идните генерации доколку останат ваквите случаи без соодветна правна разрешница? – прашуваат од граѓанската организација.

Тие очекуваат од надлежните органи итно да одговорат дали некој од семејството на малолетникот поседува дозвола за оружје, кој вид оружје е користен во овој случај, дали е одземено оружјето и дали ќе следуваат санкции за негово незаконско поседување.

Од „Анимал лаверс“ бараат најстрога примена на законите за заштита на животните, одговорност од малолетникот и неговите родители, како и итна контрола и санкции за незаконско поседување оружје.

– Научните истражувања покажуваат дека насилството врз животни често претставува индикатор за идно насилничко однесување, вклучително и криминални дејства кон луѓето. Не смееме да дозволиме да останат ваквите инциденти без последици – децидни се од граѓанската организација.

Тие ги повикуваат сите граѓани да се подигне свеста и да бараат правда за Рекс.

– Ова не е само прашање на заштита на животните туку и на безбедноста на целото општество – заклучија од „Анимал лаверс“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар Планина: Прашање е

23/08/2026
Македонија

Вооружен напад во Арачиново: Пукано кон „Шкода“ со две лица,

23/08/2026
Македонија

Езеро Рупа – скриениот бисер на Пелистер

23/08/2026
Македонија

Добро е тоа што немаме загинати или повредени и нема

23/08/2026
Македонија

17-годишен Македонец трет на Охридскиот пливачки маратон, победници се Аргентинката

22/08/2026
Македонија

ЕБР одбележа 25 години постоење: „Еден од столбовите на безбедносниот

22/08/2026
Македонија

Неколку лица побарале лекарска помош откако вдишале чад од пожарот

22/08/2026
Македонија

24 пожари на отворено во земјава, 15 сѐ уште активни

22/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45195
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар Планина: Прашање е дали уште треба да се

23/08/2026

Амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер, изрази разочараност по уништувањето на новопоставената зимска маркација на патеката за планинарење Попова

Вооружен напад во Арачиново: Пукано кон „Шкода“ со две лица, двајца повредени

23/08/2026

Двајца мажи се повредени откако утрово околу 5:45 часот било пукано кон автомобил на улицата „18“ во Арачиново, Скопје. Настанот

Езеро Рупа – скриениот бисер на Пелистер

23/08/2026

Езерото Рупа се наоѓа веднаш под северниот гребен на Врв Р’жана(2334мнв). Врвот Р’жана е најјужниот врв во рамки на НП

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy