Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ристески: Време е за правда – Судскиот совет мора да се реформира
Македонија

Ристески: Време е за правда – Судскиот совет мора да се реформира

11/03/2025

AA

На денешната собраниска седница на која се дискутираше за интерпелациите на членовите на Судски совет, до македонската јавност се обрати и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески. Тој истакна дека  новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ се посветува на реформирање на правосудниот систем. Ристески ги критикуваше политичките елити на СДСМ за поттикнување криминал и корупција преку правосудството и нагласи дека за вистинска промена се потребни законски и кадровски реформи. Ристески додаде и дека судството и обвинителството треба да се ослободат од минатото и да започне борба против криминалот и корупцијата.

Ристески истакна дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ, уште од својот почеток, посвети значајно внимание на процесот на консолидација на правосудниот систем, нагласувајќи дека основен приоритет на Владата е да обезбеди правда за сите граѓани, да реализира длабоки и системски реформи, како и да иницира сериозни промени во правосудниот сектор. Тој додаде дека правосудството, под влијание на политичките елити на СДСМ, се претворило во механизам што поттикнува криминал и корупција.

„Овој ваков правосуден систем е извор и генератор на криминал и корупција, функционираше како сојуз на елитата која досега беше власт во Република Македонија. Сојуз кој ги штитетше и му овозможи безмислосно да го празнат државниот буџет и да ги крадат народните пари. Досега имаме судии и обвинители кои судеа по нарачка и штитета по функција. Замижуваа пред злоупотребите, тендерите, криминалите, убиставата, криминалот на функциите на СДСМ и на ДУИ. Немаше ама баш ниту еден амбасадор во државава кој не изрази јасна и недвоосмислена критика кон функционирањето односно нефункционирањето на правосудниот систем“, вели Ристески.

Ристески истакна дека е време за нови вредности и реализација на правдата за сите. Нагласи дека судството и обвинителството треба да се ослободат од минатото и да започне борба против криминалот и корупцијата, што ќе биде возможно преку длабоки реформи, со важна улога на Судскиот совет

„Затоа, време е за нови вредности, време е за правда, време е да стане реалност желбата на граѓаните за ред, поредок, правда за сите подеднакво. Време е судството и обвинителството со доверба во рамките на статистичка грешка да биде минато. Време е од денеска да отвориме немилосрдна борба против криминалот и корупцијата. Сето ова е возможно со длабоки реформи во правосудството, во кое важна институција е и Судскиот совет“, изјави Ристески.

Ристески истакна дека за вистинска промена е потребна и законска и кадровска реформа. Според него, не може да се очекува подобрување во работата на Судскиот совет ниту реформи од тимот кој го урниса правосудниот систем.

„Овде мора да има и законска и кадровска реформа. Не може да се очекува подобрување во работата на Судскиот совет, не може да очекуваме реформи, не може да очекуваме подобри резултати од тимот кој го урниса правосудниот систем во државата. Не можеме да очекуваме да го вратат достоинството, и да го донесат на местото каде што граѓаните посакуваат да биде, односно да имаме функционален правосуден систем“, вели Ристески.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

67 годишник од Тетово измамен за 3400 евра!

27/06/2026
Македонија

ФОТО Сообраќаен колапс: Се чека до 4 часа за влез

27/06/2026
Македонија

Пронајден маж во дом во Карпош

27/06/2026
Македонија

Ужас во Струмица: Се скарале околу децата, па ја начекала

27/06/2026
Македонија

Во вчерашната несреќа на патот Градско – Прилеп загина 58

27/06/2026
Македонија

Андоновски со отчет: Од хаос и милионски тужби, изградивме дигитален

27/06/2026
Македонија

МВР со нов Закон за оружје: Помалку бирократија, поголема безбедност

27/06/2026
Македонија

Пронајдена е 77 годишната Божа од скопско Орешани

27/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43987
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

67 годишник од Тетово измамен за 3400 евра!

27/06/2026

На 26.06.2026 во 10:20 часот во СВР Тетово, 67-годишен маж од Тетово пријави дека бил измамен од женско лице од

ФОТО Сообраќаен колапс: Се чека до 4 часа за влез во Македонија!

27/06/2026

Вистински сообраќаен пекол и повеќечасовно чекање ги дочека македонските и странските туристи кои денеска се враќаат од Грција. Според информациите

Пронајден маж во дом во Карпош

27/06/2026

На 26.06.2026 околу 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Карпош бил пронајден починат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy