Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шкотска предлага да се легализира поседувањето на сите видови дрога за лична употреба
Македонија

Шкотска предлага да се легализира поседувањето на сите видови дрога за лична употреба

07/07/2023

AA

Шкотска денеска ги претстави плановите за декриминализирање на поседувањето на сите видови дроги за лична употреба, истакнувајќи оти тоа би можело да и помогне во намалување на највисоката стапка на смртност поврзана со дрога во Европа.

Од регионалната Влада во Единбург наведоа дека мерката треба да ја спроведе британската Влада во Лондон, која според политичкиот систем одлучува за прашања како регулација на дрогите.

Шкотска верува дека овој потег ќе им овозможи на зависниците да не се гледаат како на криминалци, туку како на луѓе на кои им е потребна помош, вклучително и наоѓање работа.

– Знаеме дека овие предлози ќе бидат контроверзни, но тие се во согласност со нашето разбирање за јавното здравје и нашата национална мисија да спасиме животи, посочи шкотската министерка за политика за дроги Елена Витам.

Додека портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак истакна дека ја отфрли можноста за декриминализација.

Шкотска во 2020 година со 327 смртни случаи на милион жители, имаше највисока стапка на смртност поврзана со дрога во Европа, а втора беше Норвешка со 85 смртни случаи на еден милион жители.

И додека наркотиците се нелегални во повеќето држави, некои земји декриминализираа различни форми за лична употреба, бидејќи експертите веруваат дека е подобро зависниците да се третираат како пациенти, а не како криминалци.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Бензините поевтинуваат по 4 денари, дизелот поевтинува 8 денари

10/08/2026
Македонија

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во

10/08/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега

10/08/2026
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44942
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy