Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШИЛЕГОВ ГО ОБВИНИ ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ДЕКА ИМА ДВОЈНИ АРШИНИ Адвокатот ѝ предложи на судијката да ја прекине постапката за Кочани
Македонија

ШИЛЕГОВ ГО ОБВИНИ ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ДЕКА ИМА ДВОЈНИ АРШИНИ Адвокатот ѝ предложи на судијката да ја прекине постапката за Кочани

25/02/2026

AA

Адвокатот Петре Шилегов предложи Судот да ја прекине постапката за пожарот во Кочани изразувајќи сомнеж дека е нарушена рамноправноста на обвинетите од страна на Јавното обвинителство.

– Имајќи предвид дека најверојатно Јавното обвинителство ги носи во заблуда и одбраната и судот, околу тоа по кои законски прописи постапува во предметот, предлагам Судот да ја прекине постапката. Согласно законскиот текст по кој јас работам, верувам и колегите и судот работат по истиот текст, не знам по кој закон работи Јавното обвинителство, член 2 вели дека Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган, а член 7 став 2 од Законот за Јавното обвинителство вели дека јавниот обвинител обезбедува еднаквост на граѓаните пред законот и никој не може да влијае врз независната работа на Јавното обвинителство. Единствениот орган за овој процес донел јавнообвинителска одлука спротивна на член 7 и ги става во нерамноправна улога обвинетите во овој предмет, со обвинетите за кои постапката ја води ОЈО ГОКК. Ова, заедно со за нас непознатата методологија на носење обвинителски проценки, некои да се во притвор, а некои од бегство да не се притвораат, сериозно ја загрозува рамноправноста на обвинетите. Се обидувам да најдам дали постои дуализам, две категории на граѓани во оваа држава, едни со повластен третман и ние обичните. Побарав во Уставот, вели дека сите граѓани сме еднакви во своите права. Еве го Кривичниот законик, еве го ЗКП. Кои се тие позитивни прописи со кои располага Јавното обвинителство? Барам да го задолжите Јавното обвинителство на одбраната да ѝ достави промероци од своите прописи, па ние како одбрана да ги проучиме и да ја продолжиме постапката на рамноправна основа. Очигледно е дека има два законодавни основа – рече Шилегов.

Сите бранители го поддржаа Шилегов.

Јавниот обвинител рече дека нема да се произнесе на излагањето на Шилегов и додаде дека тоа не се однесува на обвинетите во овој процес. Судот го одби барањето на Шилегов затоа што, и минатиот пат по истото барање се наведе дека Јавното обвинителство е самостоен орган и судот нема ингеренции да му наложи како ќе постапува и дали ќе се консолидира со ОЈО ГОКК.

– Особено што судот секогаш мора да постапува само по поднесеното обвинение не мешајќи се во работата на Јавното обвинителство, како и од причини што судот нема увид во другото обвинение, а и да го има не може да врши споредба. Судот ја знае одлуката на ОЈО ГОКК, јас приватно ги набавив двете одлуки и можам да ги користам за советување при донесување на крајната одлука – рече судијката Диана Груевска Илиевска.

Шилегов рече дека е свесен за позицијата на судот.

– Ама очигледно е дека Јавното обвинителство работи по други закони. Дискреционото право на Јавното обвинителство и функционалниот имунитет што ја има секој кој носи одлуки не ослободува од одговорност за злоупотреба на службената положба. Треба да направиме систем, нели тоа е целта на предметот, а не да правиме овде лакрдија – рече Шилегов.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА УЧИЛИШТЕ ОД 8 ДО 16:30 ЧАСОТ!? Едносменска настава и

22/09/2026
Македонија

ПОТВРДА ЗА ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ПАРТНЕРСТВОТО СО САД Петрушевски за средбите

22/09/2026
Македонија

ВО ЊУЈОРК СРЕДБА МИЦКОСКИ-ЈАНША Градиме пријателства, создаваме можности и работиме

22/09/2026
Македонија

ЛЕТОТО СЕ ВРАЌА НА КРАЈОТ НА СЕПТЕМВРИ Македонија може повторно

22/09/2026
Македонија

БУНТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУД Вработените се жалат на

22/09/2026
Македонија

УНГАРЕЦ СЕ ОБИДЕЛ НЕЛЕГАЛНО ДА ВНЕСЕ 200.000 ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА

22/09/2026
Македонија

ГРУБИ ЗАКАНИ ЗА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РУДАРСТВОТО Најавен протест или линч

22/09/2026
Македонија

📷 НАД 100.000 ЕВРА И ЛЕКОВИ ЗАПЛЕНЕТИ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45735
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА УЧИЛИШТЕ ОД 8 ДО 16:30 ЧАСОТ!? Едносменска настава и дневен престој се клуч за

22/09/2026

Ниту еден наставник со договор на неопределено време не остана без работа по фузијата на околу 450 паралелки во основното

ПОТВРДА ЗА ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ПАРТНЕРСТВОТО СО САД Петрушевски за средбите на македонската делегација во Вашингтон

22/09/2026

На телевизија Телма во емисијата „Директно” гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој истакна дека американската турнеја на

ВО ЊУЈОРК СРЕДБА МИЦКОСКИ-ЈАНША Градиме пријателства, создаваме можности и работиме

22/09/2026

„Во Њујорк остварив средба со претседателот на Владата на Република Словенија, Јанез Јанша. Разговаравме за европската перспектива на Македонија, за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy