Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шестмина средношколци ја испишаа математичката историја на Македонија, еве колку медали освоија!
Македонија

Шестмина средношколци ја испишаа математичката историја на Македонија, еве колку медали освоија!

21/07/2023

AA

Шестмина средношколци од Македонија, предводени од двајца ментори и со поддршка од повеќемина ентузијасти деновиве ја испишуваат математичката историја на независна Македонија.

Тие се натпреваруваа на 64. Интернационална математичка олимпијада, најпрестижен светски натпревар за млади математичари кој годинава се одржа во Чиба, Јапонија од 3 до 13 јули, а нивниот труд кулминираше со златен, сребрен, бронзен медал и пофалници.

– Млади умови од целиот свет се натпреваруваа во решавање на шест математички проблеми во текот на два натпреварувачки дена. Магичниот број (целосно решение) кон кој се стреми секој од натпреварувачите изнесува 7 (поени по задача) – велат од Сојузот на математичарите на Македонија (СММ).

Според нив, ова е исклучителен успех за државата.

– Ова е исклучителен успех за нашата земја, која годинава во конкуренција на 113 земји ширум светот екипно се пласира на 24. место (според освоени одличја) односно, на 41. место (според освоени поени) – велат од Сојузот.

Водач на тимот беше Илија Јовчески, а заменик-водач – Мирко Петрушевски. Ова се достигнувањата на македонскиот тим годинава:

ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; 32 поени = 7+7+7+7+2+2)
АЛЕКСИЈ ТАСИЌ (сребрен медал; 25 поени = 7+7+1+7+3+0)
НИКОЛА ЦВЕТАНОСКИ (бронзен медал; 23 поени = 7+7+0+7+2+0)
НИКОЛА СПИРОВСКИ (бронзен медал; 19 поени = 7+3+0+7+2+0)
ЈАН СТОЈАНОВСКИ (пофалница; 17 поени = 7+1+0+7+2+0)
БРАНКО ЈАНГЕЛОВСКИ (пофалница; 11 поени = 7+3+0+1+0+0)

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кои се уапсените Муса Џавит и Сенафи Нуредини?

11/07/2026
Македонија

Градежен работник од Куманово загина при пад од висина во

11/07/2026
Македонија

Скопје ја презема истрагата за летот на „Рајанер“, патник за

11/07/2026
Македонија

Мицкоски дециден: Нема да потпишам капитулација за Уставот, ако народот

11/07/2026
Македонија

Јаневска најави затворање на нелегални универзитети, под клуч веќе се

11/07/2026
Македонија

Најавите за работа до 72 години ја брануваат јавноста

11/07/2026
Македонија

Филмско бегство во Кочани: Осомничен за дрога избега преку прозорец

11/07/2026
Македонија

Андоновски: Дијаспората треба да гласа електронски, за три години дигитализацијата

11/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44314
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кои се уапсените Муса Џавит и Сенафи Нуредини?

11/07/2026

Еден од најозлогласените криминални картели кој доминира во скопското подземје е групата позната како „Беланоца“, која во одредени оперативни извештаи

Градежен работник од Куманово загина при пад од висина во Гази Баба

11/07/2026

Тешка несреќа на работа со смртни последици се случила вчера во раните попладневни часови во скопската општина Гази Баба. Како

Скопје ја презема истрагата за летот на „Рајанер“, патник за малку ќе биде вовлечен во

11/07/2026

Македонските воздухопловни власти, а не грчките, ќе ја раководат меѓународната истрага за застрашувачкиот инцидент на летот на авиокомпанијата „Рајанер“ (извршен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy