Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шестата Парада на гордоста во Скопје ќе се одржи на 21 јуни под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“
Македонија

Шестата Парада на гордоста во Скопје ќе се одржи на 21 јуни под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“

15/06/2025

AA

Под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“, на 21 јуни во Скопје ќе се одржи шестата Парада на гордоста, со фокус на заедништвото, отпорот и борбата за човекови права. Организаторите најавија дека годинашниот настан ќе биде протест, а не прослава, поради зголемениот говор на омраза, институционалното молчење и назадувањето на правата на ЛГБТИ+ заедницата.

Настанот ќе започне во 18 часот во Паркот „Жена борец“, а маршот ќе тргне во 19 часот од Собранието, со застанувања пред Министерството за образование и наука и Владата.-Овој слоган не е случаен – тој го носи нашето искуство на преживување, но и нашата одлучност, не само да опстоиме, туку да опстоиме заедно. Во време на политички притисоци, говор на омраза, институционално молчење и глобална неправда, нашиот одговор е заедништво, солидарност и радикална грижа. Протестираме затоа што сакаме да живееме во општество во кое телата, љубовта и идентитетите нема да се сметаат за закана, изјави Лила Милиќ, активистка за правата на трансродовите лица.Активистот Стефан Петровски истакна дека годинашната парада нема да има забавна програма.-Одлучивме дека нема што да славиме. Нема простор за перформанси и одвлекување на вниманието од реалноста. Особено не во време кога владата инвестира во општествен пропаст, наместо во култура. Нашиот марш останува гласен и одлучен, затоа што парадата кај нас не е фестивал, туку протест, рече тој.Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, предупреди дека маргинализираните заедници се сѐ повеќе исклучени.-Имаме многу за што да протестираме оваа година. Светот, за жал, наместо да ги унапредува човековите права, ги уназадува – и сето тоа се рефлектира и на сите процеси што се случуваат во нашата земја, рече таа.„Скопје Прајд“ се одржува од 2019 година и има за цел да ја промовира видливоста, правата и достоинството на ЛГБТИ+ заедницата, како и да поттикне поширока општествена поддршка и солидарност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТОШКОВСКИ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ОГРОМНИОТ БРОЈ НЕРАБОТНИЦИ Полицијата ќе

23/09/2026
Македонија

КРИЕ ЛИ НИКОЛОВСКИ ДУПЛЕКС СТАН ОД 180 КВАДРАТИ ВО ДАЈМОНД

23/09/2026
Македонија

ЛЕКОВИТЕ ТРЕБАЛО ДА СТИГНАТ И НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА Тошковски откри

23/09/2026
Македонија

🎥 ПАДНА СНЕГ НА ПЕЛИСТЕР Копаоник обеле на последниот ден

23/09/2026
Македонија

ЗАЕВЦИ ВО ЊУЈОРК ГИ НОСЕЛЕ И КУЧИЊАТА И СОВЕТНИЦИТЕ „Епската“

23/09/2026
Македонија

680 КИЛОГРАМИ КАНАБИС ВО СКРИЕНА ПАРЦЕЛА Полицијата откри нелегална плантажа

23/09/2026
Македонија

ТОШКОВСКИ СО ПОРАКА ЗА ЕВРОПСКИОТ ПАТ „Не само да говориме

23/09/2026
Македонија

РОЗИ МИЦКОСКА НА ПРИЕМ КАЈ МЕЛАНИЈА ТРАМП Светска иницијатива за

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45743
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТОШКОВСКИ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ОГРОМНИОТ БРОЈ НЕРАБОТНИЦИ Полицијата ќе ги контролира боледувањата

23/09/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека ќе се прават контроли во домовите на лица кои се на боледување

КРИЕ ЛИ НИКОЛОВСКИ ДУПЛЕКС СТАН ОД 180 КВАДРАТИ ВО ДАЈМОНД МОЛ? Одел ли на шишање

23/09/2026

Пратеникот Љупчо Николовски не се појави во судница, зошто не знам, и не дојде со факти против фактите кои јас

ЛЕКОВИТЕ ТРЕБАЛО ДА СТИГНАТ И НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА Тошковски откри дека дел биле за нашиот,

23/09/2026

Дел од нелегално внесените лекови што беа запленети во полициската акција против организирана криминална група биле наменети за продажба во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy