Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шаќири: Со нови законски решенија го унапредуваме националниот образовен систем
Македонија

Шаќири: Со нови законски решенија го унапредуваме националниот образовен систем

17/01/2024

AA

На иницијатива на Министерството за образование и наука, Владата на Република Северна Македонија усвои два нови закона – Закон за средно образование и Закон за стручно образование и обука. Станува збор за правни решенија со кои ќе се унапреди квалитетот на воспитно – образовниот систем во државата, а се изготвени преку инклузивен процес во кој учествуваа сите засегнати чинители – претставници на здруженијата на наставниците и на стручните соработници, бизнис заедницата, ученичките организации и здруженија, но и политичките субјекти во државата.

За ова денеска на прес конференција информираше министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој рече дека новите закони обезбедуваат повеќе права и можности за учениците, за наставниците, стручните соработници и воопшто за граѓаните.

„Новиот Закон за средно образование ќе овозможи постигнување на националните стандарди за учениците во средното образование, кои ќе бидат изработени, по примерот на стандардите во основното образование како една од суштинските компоненти на реформирањето на базата на националниот образовен систем. Ќе овозможи и развој на клучните компетенции и вештини неопходни за понатамошното образование и успешно вработување на младите, а ќе ги насочи и кон доживотно учење“, рече Шаќири.

Потенцираше дека законската рамка става фокус особено на дигиталните вештини, на вештините за истражување, експериментирање, решавање на проблеми и критичко размислување. Ја стимулира грижата за сопственото здравје, за заштита на животната средина, подигнување на свесноста за климатските промени и други предизвици.

„За прв пат ќе се воведе кариерно советување, кариерен советник и координатор за практично образование. Особено важно е што се овозможува ученичко организирање и учество во носење одлуки кои ги засегаат учениците, а кое досега недостасуваше“, додаде министерот.

По однос на новиот Закон за стручно образование и обука, Шаќири рече дека со истиот се регулира концептот на дуално образование за чија надградба и проширување, министерството се заложува повеќе години наназад, затоа што, како што нагласи, истиот е позитивна пракса од развиените европски земји, а ефектот е веќе видлив и во државава.

„Законот го зголемува обемот на практичното образование во средните стручни училишта, а тоа значи фокус повеќе кон стекнување на практични и применливи вештини преку учење директно на работно место во компанија, за сметка на намалување на теоретската настава во училниците. Така целиот образовен процес за учениците од стручните училишта станува поинтересен и поквалитетен, а тоа ќе значи привлекување на уште поголем број млади во иднина да го одбираат овој тип на образование, со краен ефект – намалување на дефицитот од квалитетен стручен кадар на пазарот на трудот“, додаде министерот.

Трендот на зголемување на бројот на учениците во стручно образование, особено во дуалните паралелки е одличен во изминатиот период. Шаќири нагласи дека ако пред 4 години се запишаа 98 ученици во 11 дуални паралелки, денес има речиси 7000 ученици во 592 паралелки.

Како придобивка од новиот Закон за стручно образование и обука, посочи дека овозможува и полесен пристап во постсредното образование за лицата со завршено гимназиско образование, како опција за надградба на практичните знаења и вештини и подигнување на степенот на вработливост.

Законите се проследени до Собранието, а според Шаќири не треба да постои дилема да се потребни нови законски решенија или не, бидејќи Законот за средно образование кој е на сила во моментов, донесен е во 1995 година, додека Законот за стручно образование и обука е донесен во 2007 година. Тоа подразбира дека и двата закона, не соодветствуваат со реалните состојби и не ги следат општествените и глобални трендови, текови и потреби.

Министерот за образование и наука не очекува политизација на процесот, бидејќи како што информираше, политичките партии беа повикани, запознаени и вклучени во креирањето на содржината на законските решенија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy