Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шаќири: Од први септември учебници ќе има
Македонија

Шаќири: Од први септември учебници ќе има

08/06/2023

AA

Први септември ќе не најде поподготвени. Дефинитивно учебници ќе има затоа што ги немаме предизвиците од претходната учебна година, вели министерот за образование и наука Јетон Шаќири по доделувањето грантови во рамки на проектот на ОБСЕ „Градиме нови мостови“.

-Сите учебници кои се одобрени од Националната комисија, според постапката, министерот само дава одобрение за печатење на тие учебници, без разлика во кој период се одобрени. Што се однесува за учебниците со грешки, вие знаете дека веднаш за учебникот по историја и општество, сите училишта добија насоки за проблематичните места во учебникот, но после тоа Комисијата која ја сочинуваат повеќе од седум члена, одлучи истиот учебник да се повлече и се отвори повик за група автори за истиот учебник.

Што се однесува за технички грешки во учебниците, ќе се обидеме да најдеме начин со авторите да има што помалку технички грешки во нив. Први септември ќе не најде поподготвени зошто ги немаме предизвиците од претходната учебна година. Дефинитивно учебници ќе има, рече Шаќири прашан што е со учебниците со грешки, дали е формирана Комисијата, кој е ставот на Комисијата и што е со целосната испорака на учебниците.

Тој појасни до каде се постапките со одобрувањето односно печатењето на некои учебници.

-Што се однесува за некои учебници како што е за учебникот по македонски јазик, за истиот учебник имаше повеќе од 4-5 повици од страна на Педагошката служба. Имаа ситуација каде во одредена фаза на учебникот авторите не постапуваа по забелешките што ги добиваат и потоа Националниот совет за учебници одлучува да не одобрува ниту еден од учебниците или да почне нова постапка. Затоа сега повеќето од ракописите за учебниците од 3-то одделение веќе се доставени. За 6-то одделение се во фаза на рецензенти.

Сега во месец јуни завршува постапката за екеономски оператор, во месец јули, без оглед каква ќе биде жалбената постапка, ќе се почне да се реализира печатење на сите учебници кои веќе се одобрени. Важно е дека од 1 септември учебници ќе има, порача министерот Шаќири.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ ЧИСТИ СНЕГОТ НА ПРЕВОИТЕ, ДЕЖУРНИТЕ НА ТЕРЕН Сите патни

28/11/2026
Македонија

БРУТАЛНОТО ПРЕТЕПУВАЊЕ ВО ГОСТИВАРСКО СЕ ИСТРАЖУВА КАКО УБИСТВО ВО ОБИД

28/11/2026
Македонија

СЕ ОТВОРААТ 1.200 РАБОТНИ МЕСТА СО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП

28/11/2026
Македонија

ЈА ТЕПАЛЕ И ПАРТНЕРОТ И НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ Девојка на 19

28/11/2026
Македонија

ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА АПЛИКАЦИЈАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПОПУСТИ ОД 20% Јаневска

28/11/2026
Македонија

СОПРУГОТ ШТО ЈА ПРЕТЕПА ГОСТИВАРКАТА СМЕСТЕН ВО БАРДОВЦИ, ПОВРЕДИЛ И

28/11/2026
Македонија

ИНВЕСТИТОРИТЕ ЌЕ МОРА ДА ОСТАВАТ 10% ОД СТАНБЕНАТА ПОВРШИНА ЗА

28/11/2026
Македонија

СЕ ПРИБИРААТ ДОКАЗИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО ПРЕТЕПАНАТА ГОСТИВАРКА Активирана е

28/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46979
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕ ЧИСТИ СНЕГОТ НА ПРЕВОИТЕ, ДЕЖУРНИТЕ НА ТЕРЕН Сите патни правци се проодни

28/11/2026

Сета расположлива механизација на Јавното претпријатие „Македонија пат“ е ангажирана за чистење на снегот низ земјава. Сите државни и регионални

БРУТАЛНОТО ПРЕТЕПУВАЊЕ ВО ГОСТИВАРСКО СЕ ИСТРАЖУВА КАКО УБИСТВО ВО ОБИД Побаран е притвор за сопругот

28/11/2026

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истрага за убиство во обид против 52-годишниот маж кој вчера брутално ја претепал својата 42-годишна

СЕ ОТВОРААТ 1.200 РАБОТНИ МЕСТА СО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП – БИТОЛА Во „Бехтел и

28/11/2026

Околу 1.200 нови, добро платени работни места се отвораат со забрзувањето на изградбата на автопатот Прилеп – Битола. Вицепремиерот и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy