Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шаќири на конференција за професионално насочување на учениците
Македонија

Шаќири на конференција за професионално насочување на учениците

10/05/2023

AA

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска учествуваше на конференција на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Тетово посветена на предизвиците на наставниците и училишните психолози поврзани со професионално насочување на учениците.

Како што соопшти МОН, Шаќири посочи дека јакнењето на професионалната и кариерна ориентација е еден од приоритетите на Министерството за образование и наука и дека во Стратегијата за образованието 2018-2025, со Акцискиот план е зацртано подобрување на услугите за професионална ориентација и кариерно насочување, почнувајќи од основното, средното, стручното сè до високото образование.

-Донесовме Програма за професионална ориентација за учениците од осмо и деветто оделение, за да ја зголемиме нивната подготвеност за натамошното образование и проширување на нивните интереси за различни видови професии. Преку социјалниот дијалог „Учи паметно, работи стручно“, ги информираме за можностите и предностите на стручното образование, од аспект на брзо вработување но и проодноста кон високото образование, рече Шаќири.

Тој информираше дека во средното образование во рамки на проектот „ЈЕС мрежа”, со финансиска поддршка на УСАИД, во 53 средни училишта беа воспоставени кариерни центри, со околу 200 кариерни советници, кои поминаа посебна обука и се оспособени преку употреба на различни техники да му помогнат на ученикот да ги спознае сопствените капацитети, вештини и интереси, со цел да направи вистински избор во однос на својот професионален развој.

-Како креатор на политиките во образованието, Министерството за образование и наука предложи нов закон за средно образование, кој е во собраниска процедура, во чии рамки кариерно советување на учениците станува законска обврска на средните училишта. Тоа го направивме и со новиот Закон за високо образование, со кој секој универзитет има обврска да основа најмалку еден центар за кариера, кој води посебна евиденција за поранешни студенти, но и организира саеми за кариера на секој факултет, односно универзитет, истакна министерот за образование и наука.

Тој нагласи и дека цел на МОН и на Владата е да изградат квалитетен систем на образование кој ќе овозможи секое дете целосно да го реализира својот потенцијал за, како што рече, „да ја градиме државата како заедница на здрави, успешни и среќни граѓани“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
Македонија

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ

26/09/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ИНСПЕКТОРКАТА ЗА ХРАНА ШТО БАРАЛА МИТО Се бара

26/09/2026
Македонија

РОДИТЕЛ НАТЕПАЛ ДРУГАР НА СИНОТ Тинејџерот со повреди бил примен

26/09/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ОД РАДОВИШ ДО НОВО СЕЛО

26/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Се

26/09/2026
Македонија

ЛЕВИЦА ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА ТРИБИНА НА ПЛАТФОРМАТА 12.05 Мециновиќ ќе

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45820
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА Претходно објавил видео на социјалните

26/09/2026

Тетовец осомничен за силување дете сам се пријавил во полиција синоќа откако претходно објавил видео на социјалните мрежи, соопшти полицијата.

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИ ВО ЕУ Европратеникот

26/09/2026

Мислам дека напредокот ви е потребен вам, на вашата земја, за да се движите понатаму и да се развиете во

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ Нели негаторот на Гоце Делчев

26/09/2026

Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет сѐ уште е член на Централниот одбор на СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „На

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy