СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ГО СКРАТИ ТОПЛОТО ВРЕМЕ Од викендот заладување и повремен дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Во западните делови од Македонија ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Најстудено утрото ќе биде во Берово, со утринска температура до 5 степени, а најтопло ќе биде во Гевгелија, со дневна температура до 18 степени Целзиусови.

До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено силен ветер од јужен правец.

.
Извор: plusinfo.mk