Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕУ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ Е ЦЕЛОСНА БЕЗ ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН Сиљановска Давкова учествува на Парискиот мировен форум
Македонија

ЕУ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ Е ЦЕЛОСНА БЕЗ ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН Сиљановска Давкова учествува на Парискиот мировен форум

10/11/2026

AA

Светот се наоѓа во период на длабока трансформација, во којшто старите модели се исцрпуваат, а новите сè уште не се оформени, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова на Парискиот мировен форум, на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани”.

Потсетувајќи на Антонио Грамши за концептот „interregnum“, Сиљановска Давкова предупреди дека токму во такви периоди се создава простор за политички вакуум и за геополитички ризици, бидејќи, како што нагласи, „политичкиот вакуум никогаш не трае долго“, а тоа особено важи за Балканот.

Зборувајќи за европската перспектива на регионот, претседателката порача дека земјите од таканаречениот Западен Балкан не се периферија на Европа, туку нејзин природен географски, историски и културен дел.

Сиљановска-Давкова посочи дека Македонија 21 година има кандидатски статус и дека зад неа стојат 17 позитивни извештаи, но и покрај тоа сè уште не го започнала преговарачкиот процес.

Говорејќи за бројните уставни измени, Сиљановска Давкова ја отвори и суштинската дилема за суверенитетот и демократскиот легитимитет, потсетувајќи дека Уставот не е само највисок правен акт, туку и општествен договор.

– Мојот суверенитет извира од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. И мојот легитимитет исто така – порача Претседателката, повикувајќи на владеењето на правото, како и почитување на човековите права и слободи.

Наместо само да бара од земјите од Западен Балкан да бидат поотпорни, Европската Унија треба да ја зајакне нивната отпорност со забрзување на процесот на нивната интеграција во ЕУ, додаде таа.

Претседателката предупреди дека во современиот свет, обележан со вештачка интелигенција, дигитализација и со нови форми на хибридни закани, одговорот не може да биде само надворешна отпорност, туку и внатрешна демократска и институционална цврстина.

Одговарајќи на прашањето за протестите во повеќе европски земји, во кои особено активно учествуваат младите, таа нагласи дека тие не треба се третираат само како иднината, туку како рамноправни учесници во сегашноста и во процесите на одлучување. Според неа, односот кон младите мора да се темели на почит, еднаквост, охрабрување и нивно активно учество во носењето одлуки. За неа, дијалогот меѓу генерациите е предуслов за опстанок во свет кој повеќе не може да се гради врз изолираност.

На крајот, таа порача дека Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан, а европската безбедност не може да се одвои од безбедноста на регионот.

На панел дискусијата учествуваа и литванскиот претседател, Гитанас Науседа и ерменскиот премиер, Никол Пашинјан.

Претходно Сиљановска Давкова одржа билатерална средба со Науседа.

На средбата тaa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна Амбасада во Вилнус и изрази очекување за продлабочување на македонско-литванската политичка, економска и институционална соработка.

Соговорниците разменија ставови за процесот на проширување на Европската Унија, состојбата во регионот на Западен Балкан, како и за македонските предизвици во пресрет на литванското претседавање со Советот на ЕУ од јануари 2027 година.

Сиљановска Давкова и Науседа се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми се клучните параметри за членство во ЕУ на земјите-кандидатки и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување.

Претседателката посочи дека соседите може да имаат позитивна улога во европската интеграција на регионот, укажувајќи на примерот на скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното членство во ЕУ во 2004 година.

Таа го информираше претседателот на Литванија за македонските преземени чекори на патот кон ЕУ, како и за прашањата со коишто се соочува земјата, од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 до денес.

Сиљановска Давкова истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласи дека за тоа е неопходно двете страни да пристапат кон процесот со добра волја.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ЕУ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ Е ЦЕЛОСНА БЕЗ ЗЕМЈИТЕ ОД

10/11/2026
Македонија

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ ГИ СПРЕЧИ РИЗИЦИТЕ ОД КОРУПЦИЈА ПРИ ЈАВНИТЕ

10/11/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ЈА ОТВОРИ МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ВИЛНУС Ново поглавје во

10/11/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ГО УСВОИ ВТОРИОТ РЕБЛАНС НА БУЏЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА

10/11/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО НА БУГАРСКАТА КОЛЕШКА ЈОТОВА Искрено сочувство

10/11/2026
Македонија

ГО ФАТИЛЕ СО 3,23 ПРОМИЛИ, А ПО ДВА ДЕНА СО

10/11/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛОТ КРСТОВ БАРА ИВА МИХАИЛОВА ДА МУ СЕ ИЗВИНИ ЗА

10/11/2026
Македонија

ИМ ЈА УРНАЛ КУЌАТА, ГИ ОСТАВИЛ БЕЗ НОВА Кумановски сопружници

10/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46703
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ ГИ СПРЕЧИ РИЗИЦИТЕ ОД КОРУПЦИЈА ПРИ ЈАВНИТЕ НАБАВКИ Законските измени се нужни

10/11/2026

Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ,

МУЦУНСКИ ЈА ОТВОРИ МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ВИЛНУС Ново поглавје во односите со Литванија

10/11/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во рамки на работната посета на Литванија оствари билатерална средба

СОБРАНИЕТО ГО УСВОИ ВТОРИОТ РЕБЛАНС НА БУЏЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА Дополнителни 60 милиони евра за

10/11/2026

Со 67 гласови за, 15 против и ниту еден воздржан Собранието го усвои вториот ребаланс на буџетот за 2026 година.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy