Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сертификација за зелена енергија: Клучен фактор при избор на снабдувач со енергија
Економија

Сертификација за зелена енергија: Клучен фактор при избор на снабдувач со енергија

17/06/2025

AA

Во ерата на климатските промени и зголемената еколошка
свест, потрошувачите – и индивидуалните и корпоративните – сè почесто бараат
енергетски решенија кои се ефикасни, но и одржливи. Сепак, изборот на снабдувач
со електрична енергија не се заснова само на цената или стабилноста на
испораката – сè поактуелно станува прашањето: Дали снабдувачот обезбедува
енергија со гарантирано зелено потекло? Токму затоа постои сертификацијата за
зелена енергија како потврда дека електричната енергија потекнува од обновливи
извори и како конкретен доказ за одговорноста на потрошувачот и транспаретноста
на снабдувачот.

Избирањето на снабдувач што користи зелена енергија има
бројни предности. Со избирање на снабдувач што користи зелена енергија директно
придонесувате покажувате еколошка одговорност и придонесувате кон намалување на
јаглеродниот отпечаток и борбата против климатските промени.  Ако сте деловен субјект со користењето на
сертифицирана зелена енергија  испраќате
силна порака до клиентите, партнерите и инвеститорите дека вашата компанија не
само што ги следи трендовите, туку ги води. Исто така, со избирање на снабдувач
што користи зелена енергија придонесувате кон енергетска тразиција – поттикнувањето
на побарувачката за зелена енергија ја охрабрува понатамошната изградба на
капацитети за обновливи извори.

Како глобалниот поттик кон одржливост добива на интензитет, ЕДС како дел од најголемата  европска групација во Југоисточна Европа,  се појавува како лидер во делот на снабдување
со „зелена енергија“. Работејќи активно со компаниите на концептот „зелена
потрошувачка“, ЕДС нудат снабдување со електрична енергија од обновливи извори,
со што голем број од клиентите се снабдуваат со 100 отсто зелена енергија. Секој
клиент кој се одлучува за зелениот модел на снабдување од ЕДС добива официјален
„сертификат за потекло“ на енергијата од обновливи извори. Овој сертификат се
издава според европските стандарди и претставува доказ за зеленото потекло на
енергијата што ја користат. Тоа е особено важно за извозно ориентирани
компании, кои треба да ги исполнуваат ESG критериумите (еколошки, социјални и
управувачки) во своето работење.

Компаниите, институциите и домаќинствата  кои избираат снабдувачи со „зелено потекло“  испраќаат јасна порака: дека профитот не е
спротивен на одговорноста, туку дека одржливиот развој е патот напред. Во време
на глобални климатски предизвици, ваквите избори се повеќе од деловни – тие се
етички, општествено значајни и неопходни за иднината. Потрошувачите имаат моќ
да влијаат на пазарот и да ги охрабрат инвестирањата во одржливи извори, со што
придонесуваат за почиста иднина за сите. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy