Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сепак нема да има разговор Трамп-Маск – „го изгубил умот, не ми се збори денес“
Македонија

Сепак нема да има разговор Трамп-Маск – „го изгубил умот, не ми се збори денес“

06/06/2025

AA

Доналд Трамп и Илон Маск, сепак, нема да разговараат телефонски денеска, како што претходно беше најавено од Белата куќа, како обид да се смират страстите по нивната јавна расправија, што се одвиваше главно преку социјалните мрежи. Трамп притоа се закани дека ќе ги откаже федералните договори на Маск, а тој повика претседателот да биде отповикан.

Иако претходно беше кажано дека тие ќе разговараат денеска, без да се наведе во кое време, функционер од Белата куќа изјави дека тоа не е планирано за денеска.

Во интервју со Еј-Би-Си, Трамп изјави дека не е особено заинтересиран да разговара со Маск денеска, велејќи дека тој е човек кој го изгубил умот.

Акциите на „Тесла“ денеска паднаа за 14%, губејќи 150 милијарди долари од пазарната вредност.

Маск вложи 250 милиони долари во кампањата на Трамп и потоа стана еден од неговите најблиски советници и шеф на Одделот за владина ефикасност, кој ги предводеше напорите за намалување на администрацијата и сојузните трошоци.

Вербалниот дуел започна откако Трамп во Белата куќа кажа дека е разочаран од критиките на Маск за новиот закон за буџетот. Тие потоа разменија закани и навреди преку своите социјални мрежи.

„Илон и јас имавме одличен однос, не знам дали и натаму ќе го имаме“, почна Трамп вчера, на што Маск му возврати дека е неблагодарен зашто без него тој немаше да победи на изборите.

Во друга објава на Икс, Маск кажа дека новите царини ќе предизвикаат рецесија во САД подоцна оваа година.

„Најлесниот начин да се заштедат пари е да се раскинат владините договори и субвенции за Маск“, порача Трамп.

Маск го почна спорот со Трамп кога оваа недела кажа дека „новиот, прекрасен закон“ за буџетот само ќе го зголеми дефицитот, против што се бореле. Непартиски аналитичари сметаат дека законот ќе додаде 2,4-5 трилиони долари на националниот долг од 36,2 трилиони долари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Израел и Иран официјално потврдија дека го прифаќаат прекинот на огнот

24/06/2025

Израел и Иран денес официјално потврдија дека го прифатиле договорот за примирје предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, со цел

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy