Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Славевски: Не можам да се пофалам дека уживав во функцијата претседавач на Совет на Град Скопје
Економија

Славевски: Не можам да се пофалам дека уживав во функцијата претседавач на Совет на Град Скопје

06/06/2025

AA

Новиот гувернер на Народна банка, Трајко Славевски, во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 вели дека го поддржува британскиот заем од 2 милијарди евра за завозбнување на железничкиот Коридор 10, но под услов, како што вели средствата да се трошат ефикасно.

– Ние мора да го зајакнеме потенцијалот на македонската економија, а тоа се прави со инвестиции во инфраструктурата. Унгарскиот кредит е во пет транши и тука не би коментирал. Но ги спомнавте овие две милијарди од британскиот кредит. Ние не ги знаеме деталите, но тие средства нема наеднаш да се искористат. Доколку се искористат средствата на ефикасен начин, тоа е оправдано и ќе се вклопи на фискалната стратегија и намалувањето на буџетскиот дефицит, вели професорот.

Поранешниот министер за финансии рече дека новата функција на чело на централмната банка е многу поважен предизвик отколку досегашната како претседавач на Советот на Град Скопје во мандатот кој остана фамозен по дуелите со градоначалничката Данела Арсовска.

– Не можам да се пшофалам дека сум уживал во извршувањето на таа функција, но мислам дека секогаш ја вршев чесно и одговорно. Сега при крајот на мојот мандат пред локалните избори дојде нов предизвик да бидам гувернер на Народна банка, изјави Славевски.

Иако зад себе има политичко-партиски бекграунд, тврди дека ќе остане независен во својата улога како што налага функцијата гувернер на НБРМ.

– Еве и да биде најден таков човек што ги има сите квалификации. Која е гаранцијата дека нема да падне под влијание на такви бизнис кругови и на финансиски интереси? Немате никаква гаранција. Не е грев човек кој е присутен 40 години во јавната сфера, кој има десетици илјади пријави потпишано со оценки за студенти, кој што има менторирано магистранти и докторанти, кој бил два пати министер за финансии. Треба да се има на некој начин доверба во тоа кога некој поминал многу филтри, смета Славевски.

Тој има високо професионално мислење за неговиот претходник – Анета Ангеловска – Бежоска, но има забелешка во ненавремената реакција со справувањето со ингфлацијата.

– Ние започнавме со рестриктивната монетарна политика и следењето на Центѕралната европска банка кога веќе инфлацијата достигна 20 проценти. Доцна дојде зголемувањето на основната каматна стапка и смирувањето на инфлацијата, истакна Славевски.

Славевски додаде дека со пласмани на благајнички записи ќе продолжи макроекономската политика на стабилизирање на инфлацијата, додека за неговиот став за минималната плата е тоа дека таа е висока во однос на просечната национална плата и дека поради тоа реално не можат да бидат наградени најдобрите работници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy