Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Семејството соопшти: Влошена состојбата на Брус Вилис, нема лек
Магазин

Семејството соопшти: Влошена состојбата на Брус Вилис, нема лек

17/02/2023

AA

Семејството на Брус Вилис кон крајот на март минатата година потврди дека актерот боледува од афазија, која влијае на неговите когнитивни способности.

Сега се огласи неговата поранешна сопруга Деми Мур и ја откри моменталната состојба на актерот.

– Најпрво сакаме да ја изразиме нашата најдлабока благодарност за неверојатната љубов, поддршка и убави зборови што сите ги добивме откако ја споделивме дијагнозата на Брус. Во тој дух, сакавме да ви дадеме ажурирање за нашиот сакан сопруг, татко и пријател, бидејќи сега имаме подлабоко разбирање низ што поминува. Откако ја објавивме дијагнозата на афазија на Брус во пролетта 2022 година, неговата состојба се влошуваше и сега имаме поконкретна дијагноза: фронтотемпорална деменција (позната како FTD)“, напиша Деми.

Додава дека за жал, проблемите во комуникацијата се само еден од симптомите на болеста со која се соочува Брус.

-Иако ова е болно, вистинско олеснување е конечно да се има јасна дијагноза. ФТД е сурова болест за која многумина од нас никогаш не слушнале, а може да заболи секого. За луѓето помлади од 60 години, ФТД е најчеста форма на деменција, и бидејќи дијагнозата може да трае со години, ФТД е веројатно пораспространета отколку што знаеме.  Денес нема лекови за оваа болест, која е реалност која се надеваме дека ќе се промени во годините што доаѓаат. Како што се менува состојбата на Брус, се надеваме дека целото медиумско внимание може да се насочи кон расветлување на оваа болест која бара многу поголема свест и истражување.

– Брус секогаш наоѓаше радост во животот – и им помагаше на сите што ги знаеше да го направат истото. Многу значи да се види како тоа чувство на грижа се враќа кај него и кај сите нас. Толку сме трогнати од љубовта што сите ја упативте кон нашиот драг сопруг, татко и пријател во ова тешко време. Вашето континуирано сочувство, разбирање и почит може да ни овозможи да му помогнеме на Брус да живее што е можно поцелосно – заклучи семејството на актерот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy