СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА 4.346 МЕТРИ Студенти го одбележаа 8 Септември на врв на Колорадо
Македонското знаме се развеа на 4.346 метри надморска височина во Колорадо. Двајцата македонски студенти Дарко Најдов и Бојан Блажевски на необичен начин го одбележаа 8 Септември – со искачување на Лонгс Пик.
Заедно со нивниот колега Лаксман, тргнале во 2:15 часот по полноќ. По повеќе од девет часа искачување, на врвот пристигнале во 11:34 часот, а целата тура со спуштањето траела околу 15 часа.
Дел од патот го минале во темница, а потоа продолжиле по предизвикувачката маршрута „Кихол“, со изложени карпести делови и тесни премини. Според објавата на „Скопје1“, на Лонгс Пик досега се регистрирани повеќе од 70 смртни случаи.
На врвот Дарко и Бојан го развеале македонското знаме.
„Од Македонија до Колорадо, а на 8 Септември – на врвот на Лонгс Пик“, порачале тие.
.
Извор: plusinfo.mk