Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА ЗА ПЛОЧАТА ПРЕД ОПШТИНА СТРУГА Тој тврди дека плочата ја поставило Здружението на пензионери Албанци
Македонија

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА ЗА ПЛОЧАТА ПРЕД ОПШТИНА СТРУГА Тој тврди дека плочата ја поставило Здружението на пензионери Албанци

21/09/2026

AA

Парична казна во висина од 5.000 евра изрече денеска Струшкиот основен суд за поранешниот градоначалник на Општина Струга Рамиз Мерко за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда.

Со поставувањето на плочата, според обвинението, тој поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја.

Судот, како што истакна на денешното рочиште судечкиот судија Јордан Јованов, оцени дека постои одговорност кај обвинетиот за кривичното дело што му се става на товар.

– Во контекст на она што го изнесе одбраната, дека наводно не било јасно кој ја поставил плочата, од целокупната документација којашто се водела и во рамки на прекршочната постапка и во рамки на оваа постапка, произлегува дека плочата е поставена на зградата на Општината, којашто ја претставува обвинетиот како тогашен градоначалник. Ниту во рамките на прекршочната постапка не било спорно, односно со самото тоа што тој дал налог за плаќање на тоа, признал дека не е испочитувана процедурата за поставување на плочата, а во доказите во оваа постапка, пред сè судот се раководеше од мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, повторно е утврдено дека вознемирувањето продолжено го сторил обвинетиот како градоначалник на Општината – појасни судијата.

За случајот се воделе две постапки, од кои едната била прекршочна, меѓутоа таа се поврзува со незапазување на процедурата за подигнување на спомен-обележјето и за таа е издаден прекршочен платен налог, меѓутоа тоа се однесува на било какво спомен-обележје, вклучително и на оние коишто не поттикнуваат или разгоруваат верска и етничка омраза.

– Додека во конкретниот случај, како што кажавме, пред сè, се засновува на она мислење на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, којашто било тужено од страна на одбраната со тужба пред Управниот суд, таквата тужба била отфрлена со решение и потврдена од Вишиот управен суд, што значи дека мислењето е валидно, останува во сила, а е изготвено врз база на мислење на стручни лица од Институтот за национална историја, од каде што е побарано мислење дали она што симболизира таа плоча може да поттикнува или разгорува верска или етничка омраза – истакна Јованов во образложението на судската одлука.

Иако не дошло до никаков конфликт или ескалација за она што го претставувала плочата, во овој член, којшто е извлечен од посебен, не е дел од Кривичниот законик, туку е дел од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, е предвидено дека со самото тоа што некој ќе подигне такво спомен-обележје или меморијално бележје е извршено делото и не е задолжително да постои последица.

Мерко во завршните зборови, денеска пред судот кажа дека нема никаква врска со поставување плоча на зградата на Општина Струга, туку дека за тоа се изјасниле од Здружението на пензионери Албанци кои, според него, признале дека тие ја поставиле таа плоча на денот кога секоја година држеле академија за албанската азбука. За плочата кажа дека дознал од државни инспектори за култура кои ѝ изрекле казна на Општината со забелешка дека ако се исплати казната од Општината, ќе бидат ослободени пензионерите и ќе се затвори предметот.

– Денот на албанската азбука е свечен ден и се прославува како државен празник во Република Северна Македонија. Тој е идентитет на албанците секаде каде што постојат и навреда ќе ни биде ако некој се меша во тоа – рече Мерко пред судот.

Адвокатот на обвинетиот, Игор Петковски, посочи дека идентична таква табла била поставена во општина Битола, на спомен куќата Музеј на албанската азбука и дека досега и во Битола која е мултиетничка средина немало никакви проблеми во смисла на некаква омраза или раздор по етничка основа.

Во Основниот суд во Струга денеска почна расправата во врска со обвинението за склучен договор за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим, без водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање. Беа сослушани двајца од предвидените тројца сведоци, еден по налог на судот ќе биде спроведен на следното рочиште, кое е закажано за 25 ноември.

Мерко беше осуден со парична казна за незаконско поставување директори во шест училишта во општината, од кои правосилни се пет, а беше ослободен од вина за набавка на службено возило „ауди А6“.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
Македонија

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА ЗА ПЛОЧАТА ПРЕД ОПШТИНА СТРУГА

21/09/2026
Македонија

„ИМАМ ПРАВО НА ЛИЧЕН СТАВ ЗА ПРЕСУДАТА НА ХАШИМ ТАЧИ“

21/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана

21/09/2026
Македонија

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

21/09/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУМИЦА Пешак загина откако бил удрен од „ренџ

21/09/2026
Македонија

ПАЦИЕНТИТЕ НЕМА ОД ШАЛТЕР ДО ШАЛТЕР ДА ГИ НОСАТ ИСТОРИИТЕ

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45711
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7 степени повисоки од просекот

21/09/2026

Август 2026 година бил екстремно топол и претежно сушен во најголем дел од државата, покажуваат мерењата и набљудувањата на метеоролошките

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН ВО „ПУЛС“ Тројца гости сведочеа

21/09/2026

Сведок на рочиштето против 13 полицајци денеска сведочеше дека еден полицаец одбил да им помогне на повредените во пожарот во

„ИМАМ ПРАВО НА ЛИЧЕН СТАВ ЗА ПРЕСУДАТА НА ХАШИМ ТАЧИ“ Гаши не реагирал како претседател

21/09/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека неговиот став по повод пресудата на лидерите на расформираната Ослободитена војска на Косово

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy