Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ИМАМ ПРАВО НА ЛИЧЕН СТАВ ЗА ПРЕСУДАТА НА ХАШИМ ТАЧИ“ Гаши не реагирал како претседател на Собранието, туку искажал личен став
Македонија

„ИМАМ ПРАВО НА ЛИЧЕН СТАВ ЗА ПРЕСУДАТА НА ХАШИМ ТАЧИ“ Гаши не реагирал како претседател на Собранието, туку искажал личен став

21/09/2026

AA

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека неговиот став по повод пресудата на лидерите на расформираната Ослободитена војска на Косово е личен став и не е искажан од позицијата прв парламентарец.

На денешниот брифинг со медиумите тој рече дека, иако е прв човек на парламентот, има право на своја приватност и став и како граѓанин и како политичар за одредена настан, ситуација или прашање, независно од функцијата на која во моментов се наоѓа. И, токму затоа чувствувал должност да се произнесе.

Минатата недела судот во Хаг пресуди високи затворски казни за четворицата водачи на ОВК за воени злостортва, на што Гаши преку соџијалните мрежи реагираше дека „ниту една пресуда не може да го негира фактот дека Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими се дел од славното поглавје во историјата на Косово“. Додаде и дека во време кога слободата на Косово, како и мирот и стабилноста во регионот сè уште беа идеал за кој требаше да се бори, „тие имаа храброст да се вклучат и да ја преземат историската одговорност за носење слобода на својот народ“, како и дека „за албанскиот народ, тие се и остануваат ослободители на Косово“.

На брифингот Гаши информираше дека остварува постојани контакти со сите пратенички групи со цел да се изнајде заеднички јазик и компромис за законите што бараат двојно, Бадентерово мнозинство. Нагласи дека законодавниот дом мора да ја надмине блокадата и да биде функционален во интерес на граѓаните.

Зборувајќи за предизвиците со обезбедувањето на потребното мнозинство за законите што се на дневен ред, Гаши посочи дека решенијата мора да се бараат исклучиво преку демократски дијалог.

– Јасно е дека во Собранието имаме проблем со гласањето на законите кои треба да се изгласаат со Бадентерово мнозинство. Но, за сè во демократијата се потребни разговор и дијалог и треба да има решение. Јас лично разговарам со сите пратеници и бараме начин како да ги надминеме овие разлики. Се надевам дека во блиска иднина ќе најдеме решение, ќе се договориме и ако треба закон по закон или концептуално да најдеме решение. Како и да е, Собранието мора да профункционира и во овој дел каде што е заглавено и да биде ефективно и за самата работа на институцијата, но и за граѓаните – истакна Гаши.

Појасни дека на 123. пленарна седница, закажана за 29 септември, се ставени сите 10 предлог-закони поднесени во последно време по скратена постапка, меѓу кои и оние за јавната администрација и за високата служба. Доколку некој предлог не го добие потребното Бадентерово мнозинство, постапката завршува и истиот закон не може повторно да се поднесе во следните 3 месеци.

Во врска со преговорите за измените на Изборниот законик, Гаши информираше дека на денешната редовна координација со координаторите на пратеничките групи била отворена и таа тема, при што е договорено партиите прво да ги усогласат позициите внатре во своите редови.

– Се отворија сите теми кои се поактуелни. Се отвори и темата за Изборниот законик. Од пратеничките групи известија дека не сите се состанале во партија за да изградат нови ставови. Очекуваме во текот на идната недела, а можеби и таа потоа да се состанат и ако има нови моменти да свикаме работна група и да продолжат со работата – посочи Гаши.

Додаде и дека нема информација дали партиите добиле покана за средба со министерот за правда.

Во врска со 124. седница, пак, за пратенички прашања, информираше дека е свикана за 24 септември, откако терминот бил усогласен со претседателот на Владата.

– Се договоривме и се координиравме со претседателот на Владата. Немаше никаква можност друг ден да се организира и остана 24 септември. Барав од координаторите да имаат разбирање и да не поставуваат прашања усно, затоа што можат писмено да му ги постават на премиерот и тие ќе бидат одговорени – рече Гаши.

Прашан за законските решенија за минималната плата, претседателот на законодавниот дом најави дека тие ќе се најдат пред пратениците на почетокот на идниот месец.

– Што се однесува до процедурата, веќе разговаравме и на почетокот на октомври, можеби првата недела ќе биде свикана нова седница и ќе бидат ставени овие закони, вклучително и законот за минимална плата – рече Гаши.

Неговиот личен став во врска со примањата и приходите е дека тие треба да се зголемуваат.

На координацијата пратениците разговарале и за функционирањето на собраниските анкетни комисии, со акцент на барањата на семејствата на загинатите од Кочани. Гаши посочи дека официјално, преку архива или електронска пошта сè уште нема добиено писмо од родителите, но го видел јавно и ќе изврши проверка.

– Некои од координаторите имаат став дека треба да заврши постоечката Анкетна комисија, па потоа да биде формирана другата комисија. Другите мислат поинаку, дека не треба да се спојува една со друга, туку дека треба да течат паралелно. Од координаторот на Левица имаме најава дека на почетокот на октомври ќе се свика постоечката Анкетна комисија, можеби ќе се донесат заклучоци и тоа ќе ја отвори вратата за да се формира и другата анкетна комисија – рече Гаши.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
Македонија

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА ЗА ПЛОЧАТА ПРЕД ОПШТИНА СТРУГА

21/09/2026
Македонија

„ИМАМ ПРАВО НА ЛИЧЕН СТАВ ЗА ПРЕСУДАТА НА ХАШИМ ТАЧИ“

21/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана

21/09/2026
Македонија

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

21/09/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУМИЦА Пешак загина откако бил удрен од „ренџ

21/09/2026
Македонија

ПАЦИЕНТИТЕ НЕМА ОД ШАЛТЕР ДО ШАЛТЕР ДА ГИ НОСАТ ИСТОРИИТЕ

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45711
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7 степени повисоки од просекот

21/09/2026

Август 2026 година бил екстремно топол и претежно сушен во најголем дел од државата, покажуваат мерењата и набљудувањата на метеоролошките

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН ВО „ПУЛС“ Тројца гости сведочеа

21/09/2026

Сведок на рочиштето против 13 полицајци денеска сведочеше дека еден полицаец одбил да им помогне на повредените во пожарот во

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА ЗА ПЛОЧАТА ПРЕД ОПШТИНА СТРУГА Тој тврди дека плочата ја

21/09/2026

Парична казна во висина од 5.000 евра изрече денеска Струшкиот основен суд за поранешниот градоначалник на Општина Струга Рамиз Мерко

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy