Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Секој Македонец лани создал во просек по 438 килограми отпад!
Македонија

Секој Македонец лани создал во просек по 438 килограми отпад!

30/12/2025

AA

Минатата година во земјава се создадени вкупно 790 866 тони комунален отпад, што претставува пад во споредба со претходните години. Според податоците од Државниот завод за статистика, секој жител во просек создал по 438 килограми отпад, што е значително намалување во однос на 2023 година, кога просекот изнесувал 503 килограми по жител.

Од вкупно создадената количина, собрани се 637 471 тон комунален отпад. Загрижувачки е фактот што целокупното количество на собран смет завршува на депониите низ државата. Дефиницијата за комунален отпад го опфаќа сметот од домаќинствата, бизнисите, институциите, уличниот смет и отпадот од градините, но ги исклучува градежниот шут и отпадот од канализациските мрежи.

Во делот на рециклирањето, податоците на Министерството за животна средина покажуваат дека се рециклираат 65 проценти од отпадот од пакување. Најдобри резултати има кај хартијата и картонот, каде е забележано целосно рециклирање на пуштените количини на пазарот, а потоа следат металот со 80 проценти и стаклото со 54,6 проценти. Најнизок степен на рециклирање е забележан кај пластиката и дрвото.

На полето на финансиите, трошоците за заштита на животната средина во 2024 година изнесувале 169,4 милиони евра. Оваа сума е помала од приходите собрани преку еколошки даноци, кои во 2023 година на државата и донеле 196,7 милиони евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy