Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „СЕГА ЛИ ЌЕ НИ БАРААТ ПЕРСОНАЛЕЦ ЗА 2020 ГОДИНА, КОГА ВЕЌЕ ГИ ПОТРОШИВМЕ ПАРИТЕ“ Протест на кумановци кои работеа во Ирак и во Авганистан
Македонија

„СЕГА ЛИ ЌЕ НИ БАРААТ ПЕРСОНАЛЕЦ ЗА 2020 ГОДИНА, КОГА ВЕЌЕ ГИ ПОТРОШИВМЕ ПАРИТЕ“ Протест на кумановци кои работеа во Ирак и во Авганистан

26/12/2025

AA

Граѓаните кои со години работеа во американски фирми во Ирак и во Авганистан денеска мирно протестираа на малиот градски плоштад во Куманово и побараа Управата за јавни приходи (УЈП) да ги ревидира известувањата за плаќање персонален данок на доход за периодот од 2020 година наваму. Граѓаните укажаа дека протестот не е политички, ниту партиски мотивиран, туку исклучиво граѓански протест, преку кој најавуваат дека ќе ги користат правните механизми за решавање на проблемот што им го наметнува УЈП.

Печалбарите кои со години работеа за американски компании велат дека УЈП им доставила известување за плаќање персонален данок на доход од јуни 2020 година, период кога голем дел од нив воопшто и не биле во државата, поради пандемијата. За нив е нејасно зошто ретроактивно се спроведува наплатата. Тие укажуваат дека не се против даноци, дека спечалените пари се вложени во Куманово и дека се плаќани даноци по разни основи, како и други давачки, такси и придонеси.

Во изјавата за медиумите посочија дека ако законот важел тогаш, требало тогаш да добијат известување и да си платат данок.

– Проблем е што ние сме биле во тие земји повеќе од 183 дена годишно. Побаравме од МВР потврда дека сме биле излезени и надвор од државата, не ни даваат, иако имаме докази, печати и визи. Има луѓе што не стапнале во Македонија по 9 месеци, конкретно во пандемијата. Не сме против даноци, но не може УЈП да нè известува во период кога американски компании слават Божиќ и во период кога ние славиме празници. Станува збор за поголема група луѓе од 3.000 до 4.000 луѓе. Сигурни сме дека американските компании, за кои работевме, кои се исклучително респектабилни, кои остваруваат огромни приходи, сигурни сме дека си платиле данок во матичната земја, овде станува збор за двојно оданочување. Нè притискаат за 10 дена да подготвиме сè, период кој заради празниците не можеме да го испочитуваме – изјавија Зоран Наковски и Жикица Миланов од Куманово.

Печалбарите кажаа дека доколку знаеле за законот и за обврската ќе си одвоиле пари да ги платат данокот. Тие укажуваат дека голем дел од нивните колеги ги потрошиле спечалените пари. За нив е нејасно зошто ретроактивно се наплатува и зошто МВР не ја издава потврдата кому секому му следува, покажувајќи македонски пасоши со излезени печати. Кажаа дека ќе побараат известувања од компаниите, ќе ги преведат и ќе достават до УЈП, но дека им е потребно време.

– Парите што ги спечаливме ги вложивме тука во Македонија, во Куманово, изградивме куќи, купивме станови, ги школувавме децата, почнавме бизниси. Тие пари се слеваа на нашите сметки, со нив работеа македонските банки, не се „црни“ пари, спечалени се со мака и потрошени како што треба, сè ни е платено – кажаа кумановци.

Тие изјавија дека имале работни визи кои ги спонзорирале компаниите за кои тие работеле.

Кумановци побараа од Министерството за финансии и од УЈП да ја стопираат оваа акција, да им остави време компаниите да издадат потврди, за да може да ги достават, а од МВР да им издаде потврди дека биле надвор од земјава 183 дена.

– Не бараме амнестија, не бегаме од обврски, бараме дијалог – порачаа кумановци.

Инаку, во базите на САД во Авганистан и во Ирак во изминатите 24 години за различни компании работеа од 15.000 до 20.000 кумановци. Даночни решенија примиле околу 4.000 лица со суми за плаќањее од 200 евра нагоре.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАЦИЕНТ СИ КРЕИРАЛ КОНЗИЛИЈАРНО МИСЛЕЊЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ДА

21/09/2026
Македонија

НАЈДЕНОТО ТЕЛО НА ШАР ПЛАНИНА Е НА 74-ГОДИШНИК Починал од

21/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ САКА МИНИМАЛЕЦ ОД 600 ЕВРА, АМА Е ПРОТИВ ДАТА

21/09/2026
Македонија

ПОЧНА ОД ПОЧЕТОК СУДЕЊЕТО НА 13 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО

21/09/2026
Македонија

📷 УКРАДЕН СЕФ ОД 400 КГ, ОРУЖЈЕ И НАКИТ ВРЕДНИ

21/09/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА

21/09/2026
Македонија

📷 ПАДНА ГРУПА ОСОМНИЧЕНА ЗА ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ Полицијата тресе

21/09/2026
Македонија

СЕРИЈА ТЕШКИ КРАЖБИ ВО ТЕТОВСКО, ПАДНАЛ И СЕФ ОД 400

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45702
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАЦИЕНТ СИ КРЕИРАЛ КОНЗИЛИЈАРНО МИСЛЕЊЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ДА ЗЕМЕ ЛЕКОВИ Фондот за здравство

21/09/2026

Пациент искреирал конзилијарно мислење за терапија што е на позитивната листа на лекови со помош на вештачка интелегенција. Измамата била

НАЈДЕНОТО ТЕЛО НА ШАР ПЛАНИНА Е НА 74-ГОДИШНИК Починал од природна смрт на 2.500 метри

21/09/2026

Планинарот чие безживотно тело вчера беше извлечено од Шар Планина е 74-годишниот А.С. од тетовското село Џепчиште. Тој бил пронајден

ФИЛИПЧЕ САКА МИНИМАЛЕЦ ОД 600 ЕВРА, АМА Е ПРОТИВ ДАТА ЦЕНТРИ И РУДНИЦИ Само бизнисите

21/09/2026

Венко Филипче сакал плати од 600 евра, ама е против дата центри, рудници и отворање нови работни места, рече денеска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy