ПАЦИЕНТ СИ КРЕИРАЛ КОНЗИЛИЈАРНО МИСЛЕЊЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ДА ЗЕМЕ ЛЕКОВИ Фондот за здравство случајно ја открил измамата
Пациент искреирал конзилијарно мислење за терапија што е на позитивната листа на лекови со помош на вештачка интелегенција. Измамата била откриена случајно кога Фондот за здравствено осигурување го вратил извештајот на Неврологија бидејќи не се совпаѓал факсимилот на еден од лекарите, објави ТВ Сител.
При проверката од Клиниката било откриено дека биле погрешни и останатите печати, дел од имињата на невролозите, како и називот на установата – Институт за рехабилитација – универзитетска клиника за неврологија – каква што не постои во здравствениот регистар.
– Кога го погледнавме конзилијарното мислење кое што мислевме дека е издадено од нашата клиника, сфативме дека станува збор за документ кој што е направен со вештачка интелегенција и комплетно лажен и веројатно тоа и истрагата понатаму ќе го покаже – изјави асс. д-р Јован Божиновски, директор на Клиниката за неврологија.
Лицето со години било пациент на Неврологија и за неговата дијагноза ја добивало оваа терапија за која требале потписи и печати од тројца доктори.
Случајот е пријавен во петокот до Министерството за здравство.
– Овде се отвора прашање дали вакви конзилијарни мисења веќе поминале за лекови, за боледувања или за бањско лекување. Сериозен е проблемот – предупредува д-р Божиновски.
.
Извор: plusinfo.mk