Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
  Седум пожари на отворено во последното деноноќие, се уште не е пронајдено исчезнатото повозрасно лице од село Степанци
Магазин

 Седум пожари на отворено во последното деноноќие, се уште не е пронајдено исчезнатото повозрасно лице од село Степанци

13/04/2025

AA

 Седум пожари на отворено имало во последното деноноќие, а пожарникарите гаснеле, паралелно и други пожари во населени места и сите биле изгаснати. Исчезнатото повозрасно лице од село Степанци во Општина Штип не е пронајдено, иако вчера во потрагата се вклучија околу 70 до 80 лица, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). 

Во изминатите 24 часа, како што велат имало вкупно 1.938 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК од коишто „реални“ биле 58,2, а 41,8 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 67,95 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 23,59, кон пожарникарите 5,64, а кон АМСМ 0,51 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК. Имало 819 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Како што посочуваат, исчезнато повозрасно лице од село Степанци во Општина Штип не е пронајдено, иако вчера во потрагата се вклучија околу 70 до 80 лица, а во некои подалечни реони околу другите соседни села имаше и други коишто пребаруваа во поединечни групи.

-Лицето последен пат било видено пред една недела, во саботата на 05.04.2025 година. Беше пријавено за исчезнато на 07.04.2025 година во 16.20 часот преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Во последните неколку денови на потрагата се приклучија и доброволци и членови од повеќе здруженија. Инаку, во почетокот беа известени МВР Штип и Локална самоуправа Штип, а потоа секако и други институции и служби, здруженија и граѓани коишто можат да помогнат, информираше Регионалниот ЦУК Штип до Секторот за операции и координација во ЦУК, прецизираат од ЦУК.

Во текот на вчерашниот ден на зборното место кај продавницата во село Лакавица, додаваат, големиот број доброволци и лица од институциите, службите и здруженијата се поделија во групи и по правци на пребарување беше поголем реон. Истовремено, со неколку дронови (3-4, и службени и приватни) систематски беа пребарувани местата каде што беа тешко достапни, подлабоки долови, а и течението и вировите на надојдената рекичка Лакавица. Беа вклучени од страна на МВР 10 полицајци, потоа  10-на извидници – членови на Извиднички одред „ЕКВИНОКС – Штип“, ловци – членови на ЛЗ „Ловец“ од Штип, доброволци – вработени од РЦУК Штип, лица од локално население од блиските села околу Степанци, роднини на исчезнатото лице. Одредени групи од подалечните села самостојно вршеа претрага во нивните реони. И ловочуварите од ловиштето „Лакавица – Патрик“, директно на нивна територија вршеа пребарување и индиректно – преку редовно прегледување на снимките од видеокамерите на терен.

-Роднините на исчезнатиот, иако повозрасното лице не е пронајдено, изразија благодарност до сите коишто несебично се вклучија или индиректно помогнаа во потрагата, велат од ЦУК.

Истакнуваат дека  во последното деноноќие имало седум пожари на отворено, а пожарникарите гаснеле, паралелно и други пожари во населени места и сите биле изгаснати. 

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје, ја пренесува информацијата од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ), на Град Скопје, дека од 17.25 до 18.30 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснале запалена ниска вегетација во село Марино (Општина Илинден), од 21.00 до 00.05 часот со 4 пожарникари и 2 ПП возила гаснале запалено сено и гранки на ул. Малешевска б.б. изгорена површина од 100 м2 (Општина Кисела Вода), и од 01.40 до 02.30 часот со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснале запалено ѓубре во с. Брњарци (Општина Гази Баба).

РЦУК Штип, ја пренесува информацијата од ТППЕ Кочани дека од 15.00 до 15.45 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило, интервенирале на запалено ѓубре во дворот на  СОУ „Гошо Викентиев“ (Општина Кочани).

ТППЕ Штип, известува дека од 16.00 до 18.00 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило, интервенирале на запалена сува трева, нискостеблеста шума и грмушки (смрека) кај м.в „Баргала“ (Општина Карбинци).

РЦУК Охрид информацијата дека од ТППЕ Охрид од 18.30 до 21.40 часот, со 15 пожарникари и 3 ПП возила, гаснeле запалена трска на охридското крајбрежје (од Специјалната болница „Св. Еразмо“ до кампот „Андон Дуков“, со ширење кон атарот на с. Подмолје во Општина Охрид).

РЦУК Куманово, информира дека пожарникарите од ТППЕ Куманово од 19.50 до 20.30 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило гаснале запалена ниска вегетација во место викано „Стари Лозја“ (Општина Куманово).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 НАД 100.000 ЕВРА И ЛЕКОВИ ЗАПЛЕНЕТИ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА

22/09/2026
Македонија

📽️ ОТИШЛА НА НОЌНО КАПЕЊЕ ВО МАРМАРАС, ИМАЛА ЧУДНА СРЕДБА Мислела

22/09/2026
Македонија

ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во

22/09/2026
Македонија

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет,

22/09/2026
Македонија

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026
Македонија

🎥📷 МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД СРЕДБИТЕ ВО ЊУЈОРК Нови можности

22/09/2026
Македонија

29-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВЕДНАШ ПО СЛЕТУВАЊЕТО Гостиварец треба да одлежи две

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45728
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 НАД 100.000 ЕВРА И ЛЕКОВИ ЗАПЛЕНЕТИ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА Криминална група криумчарела цигари, тутун

22/09/2026

Криминална група која, според истрагата, се занимавала со криумчарење акцизна стока, нелегално внесување лекови и суплементи и коруптивни кривични дела

📽️ ОТИШЛА НА НОЌНО КАПЕЊЕ ВО МАРМАРАС, ИМАЛА ЧУДНА СРЕДБА Мислела дека е куче додека не

22/09/2026

Жена се нашла лице в лице со диво животно на плажа во Неос Мармарас, едно од омилените грчки летувалишта на

ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во една од собите на запалената

22/09/2026

69-годишна жена загина во пожар што избувнал во куќа во валандовското село Пирава. Пожарот бил пријавен вчера околу 17:55 часот,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy