Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Седум повредени од сообраќајката кај Жиганци донесени во болницата во Кочани
Магазин

Седум повредени од сообраќајката кај Жиганци донесени во болницата во Кочани

14/02/2024

AA

 Седум повредени во тешката сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Кочани се пренесени во Општата болница во Кочани. Возилата на Итната помош за краток период пристигнале на местото на несреќата во близина во атарот на селото Жиганци и по првичната интервенција, повредените биле згрижени на одделенијата во болницата.

– Нашите лекари сè уште ја утврдуваат здравствената состојба и степенот на повредените кај лицата. Дел од нив, кај кои се констатирани посериозни повреди, веќе се препратени за натамошен третман во болниците во Штип и Скопје. За останатите, кои се во стабилна состојба, потребни се дополнителни испитувања, по што ќе биде познато дали ќе останат кај нас, истакна Душанка Горгиева Трпевски, директорка на Општата болница со проширена дејност од Кочани.

Претходно од полицијата потврдија дека со сообраќајката има две загинати лица, но нивниот идентитет не е соопштен.

Според првичните сознанија, во сообраќајната несреќа учествувале три патнички возила, односно „голф“ со кочански, „ситроен“ со винички и „сеат“ со скопски регистарски ознаки.

Во моментот трае увидот од страна на истражните органи, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат Штип – Кочани и обратно. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Славески: До 80% од идните пензионери нема да акумулираат доволно

26/06/2026
Македонија

Километарски колони и хаос на Плетвар: Тешка несреќа, се преврте

26/06/2026
Македонија

Мисајловски најави повисоки плати во Армијата и нов колективен договор

26/06/2026
Македонија

Превртен камион на патниот правец Прилеп–Градско

26/06/2026
Македонија

Во Градскиот базен во Тетово воведени термини само за жени

26/06/2026
Македонија

Исчезна Божа од скопско Орешани, последен пат видена кај Драчево!

26/06/2026
Македонија

7 пожари низ Македонија, 2 уште активни!

26/06/2026
Македонија

ДИГУ ќе руши бесправен објект во старото јадро на Охрид

26/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Славески: До 80% од идните пензионери нема да акумулираат доволно пари за минимална пензија

26/06/2026

Пензиите на 70 до 80 отсто од осигурениците во вториот пензиски столб би можеле да бидат пресметани под законски утврдениот

Километарски колони и хаос на Плетвар: Тешка несреќа, се преврте камион!

26/06/2026

Тешка сообраќајна несреќа попладнево предизвика тотален сообраќаен колапс на патниот правец Прилеп-Градско, во близина на приклучувањето за селото Ореовец на

Мисајловски најави повисоки плати во Армијата и нов колективен договор од понеделник

26/06/2026

Министерството за одбрана од понеделник ги започнува преговорите со синдикатите за нов колективен договор, кој предвидува зголемување на платите и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy