Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ ЖАЛИМЕ ДЕКА НАМИРНИЦИТЕ СЕ СКАПИ, А ПАК ФРЛАМЕ ХРАНА: Како да бидеме порационални?
Економија

СЕ ЖАЛИМЕ ДЕКА НАМИРНИЦИТЕ СЕ СКАПИ, А ПАК ФРЛАМЕ ХРАНА: Како да бидеме порационални?

09/10/2023

AA

И покрај тоа што
македонските граѓани се жалат на лошата материјална состојба, сепак многу
семејства фрлаат храна. Но, храната можеме порационално да ја користиме.

Душко Христов од
Банка за храна Македонија веќе 13 години работи на ова поле, помага за обезбедување
оброци за сиромашните и вели дека треба да купуваме храна онолку колку што е потребно.

„Треба да
купуваме храна колку што е неопходно. Ако имаме 500.000 семејства, 100.000
семејства да речеме можат да си дозволат да купат повеќе храна. Има семејства кои
дневно фрлаат храна во вредност од 50 денари, месечно тоа се 1.500 денари, а
годишно се 300 евра“, рече Христов.

Нутриционистот
Фани Гулевска вели дека треба да внимаваме на количината на храната која ја
купуваме, да не биде тоа премногу, па да се расипе и да мораме да ја фрлиме, но
и да се обрне внимание на рокот на производите.

„Треба да се види
до кога е рокот на производот, да не биде потоа да фрлиме производ кој не е ни
отворен. Остатоците од храна не треба да се фрлаат, туку да бидеме креативни, да
ги замрзнеме, да ги употребиме  во некое
друго јадење. Ако ни останало месо, можеме да го замрзнеме и да го употребиме
за некоја манџа. Постарите генерации така правеле. Треба да си правиме список,
план за тоа што ќе имаме за појадок, ручек, вечера. Денес многу од младите
поради брзиот начин на живот веројатно не знаат 
која храна смее да се замрзне, колку може да стои, но можеме онлајн да
се едуцираме. Исто, наместо да купуваме брза храна, можеме да готвиме дома, но
некако брзото темпо на живот наметна да немаме време да го правиме тоа и да се
жалиме дека сè е
скапо. Да, сè е
скапо, но можеме да бидеме рационални и со храната“, објаснува Гулевска.

Граѓаните велат
дека домаќински треба да се постапува и со храната.

„Храната може
порационално да се користи, нешто да се замрзне, да не се фрла“, вели Нада
Ивановска, граѓанка.

Дел од нашите
соговорници објаснуваат дека не фрлаат храна.

„Тоа си зависи од
човекот. Оној кој е домаќин не фрла храна. Јас не фрлам храна, си водам сметка
за сè и гледам максимално да искористам, било да е тоа зеленчук или овошје. Младите не водат сметка, нив им е
најлесно да фрлаат во канта. Ќе купат нешто, нема да го подготват неколку дена,
ќе се расипе и го фрлаат“, додава друга граѓанка.

Некои наши
граѓани строго водат сметка и за рокот на производите кои ги купуваат во
маркетите.

„Ние не фрламе
ништо. Ако ни остане леб, пржиме кришки. Треба да има свест кај луѓето, да не
фрлаат храна“, рече Вера Ѓошевска, граѓанка.

Иако Македонија е
сиромашна држава, нивото на фрлена храна
е како кај развиените земји. Ова го
покажува Извештајот за индексот на фрлена храна на ОН.

Македонија претходно беше рангирана на осмото место во светски рамки по количина фрлена
храна според бројот на жители. Тогаш проценките беа дека годишно во државата фрламе 12.000 тони храна.

Деновиве
имаше покачување на цените на прехранбените производи. Во август годинава
минималната синдикална кошничка чинела близу 50.000 денари, а од таа сума, за
храна и пијалоци се трошеле 20.384 денари.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/Rawf8.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45870
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ ГРУПА ВО СКОПЈЕ Акцијата на

29/09/2026

Автоматски и снајперски пушки, пиштоли, муниција, тактички елек, радиоврски и знаме на ИСИС биле пронајдени во акцијата во која полицијата

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И НИЕ? Министерот советува терапијата да

29/09/2026

Од болести на кардиоваскуларниот систем во Македонија минатата година починале 6.888 лица, со стапка на смртност од 378,4 на 1.000

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Аргументите мора да

29/09/2026

Со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy