Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се жалела на вознемиреност, не сакала да го дои бебето – во многу критична состојба родилката која се фрли од прозор
Македонија

Се жалела на вознемиреност, не сакала да го дои бебето – во многу критична состојба родилката која се фрли од прозор

03/07/2023

AA

Триесет и деветгодишната родилка која синоќа се обиде да си го одзеде животот фрлајќи се од првиот кат на Клиниката за гинекологија е во многу критична состојба на интензивна нега, информира директорката на ГАК, д-р Викторија Јовановска.

Таа на денешната прес–конференција пред Клиниката истакна дека пациентката во два наврати се пожалила на вознемиреност, но дека тоа не е прва појава кај родилките.

-За жал пациентката е во многу критична состјба, сега зборував со директорката на КАРИЛ која е во моментов дежурна. Пациентката не сакала да го дои бебето, била лесно вознемирена, но тоа не е првпат да се случува. Зборувавме со директорот на психијатрија да доаѓа некој лекар оттаму еднаш неделно за почеток за да разговара со мајките, но не знам како ќе го прифатат пациентките. Многу пати пациентките се повредени кога им велиме да разговараат со психолог, изјави д-р Јовановска.

Додаде дека по немилиот настан било разговарано за затворање на прозорците, но посочи дека тоа единствено би предизвикало контраефект.

-Секаде во светот познат е податокот дека една од десет породени пациентки има мало психолошко пореметување, но никаде прозорите не се забарикадирани. Не можеме да ги чуваме пациентките како затвореници, тие треба да се чувствуваат подобро после породување, истакна таа.

Триесет и девет годишната родилка била донесена во 36-та недела од бременоста. Било констатирано дека се работи за предвремено одлепување на постелката што ги загрозувало и мајката и детето и затоа била однесена во породилна сала и за 14 минути била породена со царски рез. Бебето е во добра состојба.

Пациентката во петокот и вчера се пожалила на вознемиреност и извршен бил разговор со клинички психолог. Ноќта околу 21:30 часот пациентката преку прозорецот во ходникот направила обид за суицид, фрлајќи се од првиот кат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy