Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ ЗГОЛЕМУВА ДРАМАТА ВО ТЕКСАС: Конвој граѓани се упатува кон спорниот дел од границата, планирани се протести низ државата
Македонија

СЕ ЗГОЛЕМУВА ДРАМАТА ВО ТЕКСАС: Конвој граѓани се упатува кон спорниот дел од границата, планирани се протести низ државата

28/01/2024

AA

ГРУПА чии членови се опишаа себеси како „Божја војска“ се упатува кон јужната граница на САД во знак на протест поради рекордниот број мигранти кои илегално преминале од Мексико во Тексас.

Организаторите велат дека сакаат да се „соочат со глобалистите“ кои „дозволиле мигрантите“ илегално да ја преплават земјата.

– Ова е библиски и монументален момент составен од Бога – рече еден од организаторите.

– Темните сили на злото не опседнуваат од сите страни – изјави друг организатор.

Групата планира конвој кој во понеделник ќе тргне од Вирџинија Бич за Тексас, по што ќе следат серија митинзи. Едниот ќе биде на Eagle Pass на границата меѓу Тексас и Мексико.

Групата сака мирни собири, меѓутоа, организаторите признаваат дека демонстрациите би можеле да излезат од контрола.

– Разбираме дека можеби имаме инфилтратори. Можеби има некои луѓе кои се обидуваат да не соборат што скокаат во конвојот. Тие ќе мора да се справат со нашиот безбедносен тим кој ќе побара од нив да си заминат“, рече организаторот на протестот Скоти Сакс.

Собирите доаѓаат во време на ескалација на тензиите меѓу администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и државните власти поради напорите на Тексас да ја обезбеди границата.

Врховниот суд пресуди дека агентите на граничната патрола можат да ја отстранат жицата што ја поставија претставници на Тексас по должината на речиси 50 километри во близина на Игл Пас, кој е совладан од мигрантската криза.

Дури 25 републикански гувернери во четвртокот потпишаа писмо во кое го поддржуваат гувернерот на Тексас, Грег Абот, кој и покрај одлуката на Врховниот суд, продолжи да поставува цврста бариера за да ги одврати мигрантите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy