Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се зголемува бројот на хоспитализирани ученици од ОУ „Димо Хаџи Димов“
Македонија

Се зголемува бројот на хоспитализирани ученици од ОУ „Димо Хаџи Димов“

27/11/2025

AA

Бројот на ученици од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае кои бараат лекарска помош расте. Синоќа во Клиниката за детски болести биле примени уште тројца ученици со симптоми како дијареа, повраќање и повишена телесна температура, со што вкупната бројка од последните два дена значително се зголемува.

Првичните анализи упатуваат на сомнеж за труење, изјави директорот на училиштето Мемеди. Сепак, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) предупредува дека конечната причина ќе биде позната по завршување на лабораториските анализи од земените примероци, кои се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Директорката на ИЈЗ, д-р Марија Андонова, потврди дека заради сериозноста на ситуацијата бил направен вонреден инспекциски надзор. Земени се примероци од храната што ја консумирале учениците — млеко, мусли, мусака со месо и кроасани — како и мостри од вода од повеќе точки во училиштето. Дополнително, биле земени брисеви од училници, кујната, приборот и работните пултови.

„Симптоматично е што дел од учениците кои развиле тегоби воопшто не користеле храна од училишната кујна“, истакна Андонова, додавајќи дека седум од пријавените случаи воопшто не јаделе во училиштето. ИЈЗ добил и телефонски пријави од наставници, но без официјална документација.

Контролите опфатиле и три вработени во кујната. Од нив биле земени брисеви од раце, грло и нос, за да се провери можен човечки извор на контаминација. Анализите за водата се спроведуваат паралелно — првите физичко-хемиски резултати не покажале отстапувања, но за микробиолошките тестови потребни се 48 часа.

Во координација со Клиниката за детски болести, каде што се примени дел од учениците, Институтот побара дополнителен материјал за испитување. Лекарите разгледуваат и други можни извори, вклучително и вирусни или паразитарни агенси, кои не мора да бидат поврзани со храната. Дел од резултатите би можеле да пристигнат уште во текот на денот.

Од училиштето „Димо Хаџи Димов“ информираат дека денеска нема нови случаи на сериозни симптоми и дека наставата во најголем дел се одвивала редовно. Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, повика на воздржаност од ширење паника и нагласи дека стомачни тегоби во последните денови имал и лично.

Поради инцидентот, активиран е вонреден надзор во уште девет училишта во општината. Истите протоколи за анализа на храна, вода и работни површини ќе се применуваат и таму.

„Сѐ што треба да се направи — се прави,“ изјави Андонова, најавувајќи дека по завршување на анализите ќе се иницираат нови стандарди за безбедност на храна и вода во училиштата и детските градинки. Овие предлози ќе бидат ставени на јавна дебата.

Истрагата е координирана со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и Центарот за јавно здравје, кои веднаш излегле на терен.

Засега останува отворено прашањето дали станува збор за труење со храна, заразен извор или нешто сосема друго. До пристигнување на резултатите, родителите остануваат во неизвесност, а јавноста очекува брза и транспарентна информација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило, 10 возеле без

26/08/2026
Македонија

Одбраната на случајот „Онкологија“ тврди дека не може да има

26/08/2026
Македонија

48-годишен маж од Прилеп во повеќе наврати извршил обљуба врз

26/08/2026
Македонија

Штипјанка измамена за 4.713 евра: Лажен директор на финансиско друштво

26/08/2026
Македонија

Ангелов: Не стивнуваат пожарите на отворено, во текот на вчерашниот

26/08/2026
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ ЗА УТРЕ: Високи температури низ цела Македонија

26/08/2026
Македонија

Пожар во котлара на хотел во Лагадин – огнот го

26/08/2026
Македонија

Клековски: 53 случаи на Западнонилска треска – 25 излекувани

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45269
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило, 10 возеле без возачка дозвола

26/08/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување

Одбраната на случајот „Онкологија“ тврди дека не може да има индивидуална одговорност – во лекувањето

26/08/2026

Судењето за случајот „Онкологија“, во кој поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и уште двајца онколози се обвинети

48-годишен маж од Прилеп во повеќе наврати извршил обљуба врз својата малолетна поќерка

26/08/2026

СВР Битола поднесе кривична пријава против 48-годишен жител на Прилеп поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „силување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy