СЕ СУДРИЈА ДВЕ ВОЗИЛА НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА Сообраќајот се пренасочува по една лента

Сообраќајот на автопатот Тетово–Велес е изменет по сообраќајна незгода што попладнево се случи на делницата помеѓу клучките Мирковци и Приштина. Во незгодата учествувале две патнички моторни возила, кои по судирот останале во средната лента и во лентата за принудно запирање, се вели во информацијата на АМСМ.
Поради блокираниот дел од коловозот, возилата во моментов се пропуштаат единствено по лентата за престигнување. Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на патот и нормализирање на сообраќајот, се вели во информацијата на АМСМ.
.