Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ РАСПАЃА ГОРДОСТА НА РОМАНИЈА САМО ЕДНА ГОДИНА ПО СПЕКТАКУЛАРНОТО ОТВОРАЊЕ – проектот кој вредеше 500 милиони евра мора на поправка
Економија

СЕ РАСПАЃА ГОРДОСТА НА РОМАНИЈА САМО ЕДНА ГОДИНА ПО СПЕКТАКУЛАРНОТО ОТВОРАЊЕ – проектот кој вредеше 500 милиони евра мора на поправка

07/08/2024

AA

На мостот Браила во Романија, кој во оваа земја го нарекуваат „Романска златна порта“, ќе треба да се реконструираат бројни делови, само една година по неговото отворање.

Мостот чија изградба чинеше 500 милиони евра, од неговото отворање е предмет на бројни реновирања, а претставници на патните компании најавија дека на мостот ќе треба да се истури нов слој асфалт, бидејќи патот станал нерамномерен поради на топлина.

Од јули минатата година на мостот се појавија бројни проблеми, а романски „Диги24“ пишува дека е утврдено дека некои завртки на мостот не биле правилно затегнати и дека во сидровите блокови се појавила инфилтрација на вода.

„Мостот во целина мора да се преуреди и да се направи водоотпорен за да не се повторат вакви проблеми“, се наведува.

Со вкупна должина од 1.975 метри, мостот Браила е најдолг во Романија и трет најдолг висечки мост во Европа. Истовремено, овој мост ќе го поврзува романскиот регион од Молдавија со источниот дел на земјата, а прелиминарните проценки укажуваат дека преку него дневно ќе поминуваат 5.000 автомобили.

„Мостот е дизајниран да има работен век од 120 години. Ќе има центар за мониторинг и контрола кој трајно ќе ја снима состојбата на мостот. На важни точки на мостот се инсталирани преку 50 сензори. Со цел да се обезбеди издржливост и висока антикорозивна заштита, воздухот на мостот ќе биде сув, а релативната влажност ќе се одржува под 40 проценти“, објасни романскиот министер за транспорт, Јонел Скриостану, минатиот јули.

За изградбата на овој мост се искористени 52.360 тони челик и 297.000 тони бетон. Се наоѓа помеѓу градот Браила на истокот на Романија и областа Тулчеа, која се наоѓа на брегот на Црното Море.

(Извор: Klix)

Фото: ЕПА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОРАДИ ИЗЛЕВАЊЕ НА ВАРДАР ЗАТВОРЕН Е ПАТОТ ГОСТИВАР – СЕЛО

18/02/2026
Македонија

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица,

17/02/2026
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП

17/02/2026
Македонија

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените

17/02/2026
Македонија

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата

17/02/2026
Македонија

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина

17/02/2026
Македонија

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под

17/02/2026
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41592
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОРАДИ ИЗЛЕВАЊЕ НА ВАРДАР ЗАТВОРЕН Е ПАТОТ ГОСТИВАР – СЕЛО ЧЕГРАНЕ Снег паѓа на граничните

18/02/2026

Поради излевање на Вардар од синоќа воведена е забрана за сообраќај на регионалниот пат Гостивар – село Чегране во село

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица, еден бил и пијан

17/02/2026

Осум возачи биле приведени во текот на вчерашниот ден во различни градови низ државата поради сериозни прекршоци во сообраќајот. Седуммина

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП Ги злоупотребуваа државните ресурси, а

17/02/2026

СДСМ повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија,  без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy